Skip to main content

Охридскиот суд отворен за посета на ученици

Охридскиот суд отворен за посета на ученици.

 |  Валентина Неловска  | 
суд
суд

Охридските ученици од основните и средните училишта два часа имаа на располагање да  престојуваат во просториите на охридскиот судот. Тие  се запознаваа со начинот на работа на оваа институција, со работниот потенцијал и техничките можности кои се воведени при судските претреси.  

sudПретседателот на Основниот суд, Милчо Клишески истакна  дека и годинава нивната институција е прогласена за  ажурен суд. Минататa година имале над 22 илјади предмети. Успеале да решат повеќе од 17 илјади предмети.  Ваква бројка на примени и решени предмети досега не била забележана од постоењето на судот, нагласува претседателот Клишески. Во најголем дел од предметите била тужена  компанијата ЕВН Македонија за стекнување без основ.

Инаку, во судската пракса граѓанските спорови се побројни, а веднаш следуваат и кривичните предмети.
Судот во Охрид е еден од најопремените во Македонија. Сите судии имаат свои работни простории, канцеларии опремени со компјутер,  дактилографи или референти, но и стручни соработници. 

Во општинскиот суд по систематизација се ангажирани 20 судии.

{loadposition content9}