Skip to main content

Охридскиот веслачки клуб Југ по 8 децении деновиве може да згасне

Охридскиот веслачки клуб Југ по 8 децении,  деновиве може да згасне.

 |  Валентина Неловска  | 
југ

Веслачите од охридскиот клуб од државниот натпревар кој вчера се одржа на  Дебарското езеро се вратија со 8 први места во севкупна конкуренција. Меѓу најдобрите охридски веслачи од овој клуб се Ана Димоска и Петар Павлоски кои освоија први места во скиф и дубл скул. Димоска и Павлоски, надежните веслачи  тренират повеќе од три години во клубот и се вљубеници во овој спорт.

кајакУспехот најдобар државен  клуб се поматува со можноста најстариот веслачки клуб Југ  да згасне. Веслачите да бидат иселениод хангарот каде што се сместени повеќе од 8 децении и да ги загубат кајчињата и веслата. Клубот Југ  датира од 1932 година, и поминал воени времиња, окупации и различни општествени системи, а сега по загубениот спор со МПЦ, за судскиот  спор треба да исплатат сума од 450.000 денари,  вели тренерот на клубот Климе Матилоски.  

„ Прво Комисијата за денационализација му го додели хангарот на МПЦ. Земјиштето било нивно, не е точно, пола од земјиштето е од  град Охрид. Целата површина под  хангарот била нивна и им се додели земјиштето. Подоцна и го допишаа и објектот што не е во ред. Се допиша и објектот кој го граделе веслачите во 1946. кајак Нас не не зедоа како страна при денационализацијата и  дадовме тужба за докажување на сопственост. Но, во 3-те инстанци на Основен суд, Апелација и Врховен им го доделија на Дебарско Кичевска епархија“, вели Матилоски.

Клубот Југ нема пари  да ги исплати судските  и адвокатските трошоци во висина од 450.000 денари. Во среда на 26 август има решение извршителите да дојдат  и да го преземат клубот,  напоменува Матилоски. Клубот ја информирал општината за тешката ситуација во која се наоѓа  по судската одлука. Очите за спас на ВК „Југ“ се вперени кон Локалната самоуправа и државата.

„Очекуваме помош од Локалната и од државата да се зиантересираат да го решат овој проблем. Бараме ние да останеме извесно време во хангарот додека не се направи нов хангар, но ако се деси претходно кажаното спас за клубот нема“, вели Матилоски.

Во клубот во моментов активно тренираат околу 20 веслачи. Клубот располага со мошне скапа опрема на 6 скифа, 3 дубл скул, модерни весла. Доколку се запленат, клубот ќе остане без основни средства и ќе згасне, напоменува Матилоски.
ТВМ ја конатактираше и Локалната самоуправа од каде што кажаа дека е планирана средба со претседателот на клубот Југ  по завршување на седницата на Советот во среда на 26 август. Дали ќе биде веќе предоцна за средба или не, ќе видиме во среда