Skip to main content

Охридскиот Здравствен дом подготвен за имунизација со бесплатните вакцини против сезонски грип

 Ќе се вакцинираат хронично болните, здравствените работници и лицата над 65 години во посебен пункт во Маларична. Охридскиот здравстен дом очекува  да добие 1400 бесплатни вакцини за  имунизација.

 |  Валентина Неловска  | 

Охридскиот Здравствен дом Маларична подготвен за имунизација со бесплатните вакцини против сезонски грип. Обезбеден е посебен пункт и кадар за од понеделник да почне бесплатната имунизација. Годинава бесплатните вакцини ќе се даваат во здравствените домови во Охрид, Струга и Дебар за да се растерети охридскиот Центар за јавно здравје да не се ствараат гужви, информира д-р Ајсел Зејноска, директор на ЈЗУ Здравствен дом Охрид. Од Министерството за здравство е најавено дека ќе се набават 40.000 бесплатни вакцини против сезонски грип или двојно повеќе од лани за сите здравствени домови во земјава. Од охридскиот здравствен дом очекуваат да добијат околу 1350 до 1400 бесплатни вакцини.

„Кај нас ги очекуваме веројатно од утре вакцините, за  трите градови Охрид Струга и Дебар. Ги молам граѓаните да не одат во ЦЈЗ туку во пунктот позади мене каде што ќе се врши вакцинирање за хроничните болни, здравствените работници и луѓето над 65 години“.

Сашо Точков, директорот на ЦЈЗ, информира дека годинава за Охрид, Струга и Дебар ќе се набават 1000 комерцијални вакцини против сезонски грип. Количината е помала од минатата година, затоа што МЗ ја зголеми количината за набавка на бесплатните вакцини за Здравствените домови, вели Точков.

 

 

„Сметавме дека нема да има потреба да набавиме повеќе од 1000 вакцини, а и набавката на вкцините беше дсота проблематична затоа што соседните земји повлекле многу поголеми количини на вакцини од она што сме билe заинтересирани од Македонија. Количините на вакцини против сезонски грип на пазарот се намалени и ограничани“.

Комерцијални вакцини против сезонски грип ќе има 15.000 за цела територија, а бесплатни преку 40.000 вакцини. Минатата година имало 1.200 комерцијални вакцини за Охрид Струга, Дебар, а бесплатни 2.400.

Годишно се трошеле 3000 вакцини за Охрид, Струга и Дебар.