Skip to main content

Црвен крст Охрид

Охридските Бреинобреин генијалци се закитија со 2 трофеи и 4 златни медали

Црвен крст Охрид: Уште еден голем успех на охридските Бреинобреин генијалци!
 |  инфодеск  | 

Од Црвен крст Охрид информираат дека на еден од најголемите интернационални Бреинобреин натпревари, на светскиот БОБ натпревар, кој на 22 ноември 2025 година се одржа во Дубаи, учествуваа и деца кои ја следат Бреинобреин програмата во БОБ центрите во Македонија и тоа 3 деца од Тетово, 2 деца од Скопје и 6 деца од Охрид од Центарот Бреинобреин-Црвен крст Охрид.

Во силна конкуренција од преку 1800 учесници од 16 земји, кои се натпреваруваа во стекнатите знаења, вештини и мултитаскинг техниките од БРЕИНОБРЕИН програмата, претставниците од Македонија освоија 6 највисоки награди-трофеи и 5 златни медали.

-Нашите, охридски Бреинобреин генијалци се закитија со 2 трофеи и 4 златни медали. Големата желба, страста за нови знаења, посветеноста на Бреинобреин програмата од страна на децата, поддршката од родителите, професионалноста на врвните Бреинобреин тренери-едукатори, нивниот труд, енергија и посветеност го обликуваат успехот и победата на секое дете, велат од Црвен крст Охрид.