Skip to main content

Охридските фудбалери утре против ФК Лабуништа ќе ги бркаат првите бодови

Охридските фудбалери во шестата рунда од Втората македонска фудбалска лига запад во локалното дерби ќе се сретнат со составот на Лабуништа. Од ФК Лихнидос велат дека владее позитивна атмосфера и одат на освојување на првите бодови.

 |   | 

Охридските фудбалери утре против ФК Лабуништа ќе ги бркаат првите бодови во Втората македонска фудбалска лига-запад . Во 6тата рунда од лигата се надеваат дека ќе го прекинат лошиот период на порази и ќе излезат од резултатската криза. Фудбалерите од Лабуништа се фаворити во ова локално дерби но од ФК Лихнидос велат дека направиле некои промени во стручниот штаб со што внесле позитивна енергија.

„Сакам да ги повикам сите љубители на  спортот да присуствуваат и да дадат поддршка бидејќи тие ни се од големо значење да не мотивираат и нас и играчите за да ги оствариме нашите цели да почнеме да освојуваме бодови и да бараме опстанок во оваа лига.“ – изјави тренерот Марино Маркоски.

Наум Вељаноски изјави дека повредата е зад него и најавува дека е потготвен да помогне тимот да ја освои првата победа после 5 порази.

„Знаеме дека има разочарување кај публиката но ова не е вистинското лице на ФК Охрид. Сигурни сме дека ќе се издигнеме на едно повисоко ниво и дека ќе почненеме да освојуваме бодови.“ –  Наум Вељаноски.

 Натпреварот се игра утре, сабота,  со почеток во 15 часот .