Skip to main content

ОСУ “Св. Климент Охридски” – Охрид

Охридските гимназијалци победија на хакатонот на ФЕИТ

Учениците Дарио Павлески, Елена Стојоска и Илија Волканоски, предводени од менторот Елизабета Левеска се победници на хакатонот на ФЕИТ
 |  инфодеск  | 

Втоникот во просториите на Факултетот за електротехника и информациски технологии – Скопје, се одржа вториот ден од хакатонот, а учествуваа учениците Дарио Павлески, Елена Стојоска и Илија Волканоски, предводени од нивниот ментор Елизабета Левеска. Како што информираат од охридската гимназија, тимот активно се вклучил во сите предвидени активности, покажувајќи висок степен на ангажираност, тимска работа и техничка подготвеност.

Работниот предизвик бил започната веб-страница составена од фајлови во HTML, CSS и JavaScript, да ја доработат и функционално да ја комплетираат.

-Во барањето беа наведени конкретни „to-do“ активности кои требаше да се имплементираат, како и дополнителни бонус-задачи што носеа повеќе поени. Овие бонус-елементи овозможија простор за креативност, иновативност и техничко надградување на основната задача. Тимот работеше координирано и организирано, при што успешно ги реализираше поставените барања и имплементираше дополнителни функционалности со цел да постигне подобар резултат, се вели во соопштението од ОСУ “Св. Климент Охридски” – Охрид.

Тимот од охридската гимназија ја освои првата награда, при што им беа врачени соодветни признанија и награди за нивниот труд, знаење и посветеност.