Област програмирање
Охридските гимназијалци со одлични резултати на државен натпревар по информатика
Ученици од ОСУ „Св. Климент Охридски“ со одлични резултати на државниот натпревар по информатика кој се одржа во Скопје.
На факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје на 25-ти се одржа 34-от државен натпревар по информатика – област програмирање на кој учество зедоа ученици од Охридската гимназија.
Нашите ученици постигнаа одлични резултати. Филип Ѓорѓески IV год. освои II награда, стипендија од факултетот ФИНКИ, ваучер од СЕМОС едукација – ментор Елизабета Левеска Нина Стевоска III год. пофалница – ментор Елизабета Левеска Илија Волканоски I год. III награда – ментор Ѓоко Доревски – информираат од ОСУ „Св. Климент Охридски“ Охрид.




