Skip to main content

Охридските гимназиjaлци трчаа крос за поддршка на светкиот ден на ретки болести

Охридските гимназиjaлци  трчаа крос за поддршка на светскиот ден на ретки болести.

 |  Валентина Неловска  | 
retki bolesti

Катерина Мирческа, Бисера Николоска и Бојан Стојаноски беа дел од охридските гимназијалци кои денес трчаа крос во рамките на Светскиот ден на ретки болести. Средношколците дадоа свој придонес во кампањата за покренување на јавната свест за постоење во нашето секојдневие лица кои боледуваат од ретки болести.

Прва година сум и присуствував на овој ден да ги поддржам оние кои имаат ретки болести, вели Катерина. Бисера додава дека ги поддржува децата кои имаат ретки боелсти иако приватно не познава такви личности, но би сакала да запознае. Бојан пак, за разлика од Бисера, познава лица кои имаат ретко заболување. Вели  го истрчав кросот и чуството е убаво затоа што дава поддршка за да им се помогне.

krosПрoфесорот Наум Рилкоски е задоволен од активното вклучување на средношколците од ОСУ Св.Климент Охиридски и давање  поддршка на сите кои имаат ретки заболувања.

„ Ме радуава фактот што ученците без разлика на временските услови присуствува околу 80 до 100 ученици. Како и секогаш, нашето училиште, и од сојузот на спортови ќе излегуваме во пресрет  и во иднина. Треба само одбележувањето да биде помасовно во однос на присуство ан граѓаните кои ќе ги дочекуваат децата за да ги поддржат на ваков ден“, истакна Рилкоси.   

Во кампањата и одбележувањето на мотото „Придружете ни се за да може да се слушне гласот на ретки болести“ се вклучи и ОО Црвен крст.  


„ Сите се вклучени со свој придонес за поддршка на оваа  кампања и покренување на јавната свест за постоење во нашето секојдневие на деца заболени од ретки болести. Наместо игра и смеа нивното време е исполнето со посета на болници и поставување на дијагнози“, посочува Божиноски.    

Бројот на овие ретки болести во нашата земја  на 100.000 жители е околу 6 до 8 посто со што може да се каже дека е бројка која не е за занемарување.