Skip to main content

Охридските „Гладијатори“ на тест

Охридските „Гладијатори“ ставени на тест пред плејофот кој следува. Тие утре силите ќе ги одмерат со битолскиoт суперлигаш Пелистер. Очекувањата на капитенот Крсте Андоноски се дека бодовите ќе останат во Охрид. Како што изјави капитенот тие ќе го дадат својот максимум а очекуваат голема поддршка од публиката.

 |  Николоска Биљана  | 

Охридските ракометари утре на домашен терен ќе ги одмерат силите со РК Пелистер од Битола. Овие два тима со  пресметка „еден два“ на СРЦ  „Билјанини Извори“ ќе го означат и почеток на мечевите од пролетната полусезона во Супер лигата. Утре ќе го дадеме својот максимум и со малку среќа и очекуваната поддршка од публиката се надевам на победа изјави капитенот на РК Охрид .

„Утре играме со првопласираната екипа во есенскиот дел, ние сме втори. Таму одигравме добар натпревар кој заврши нерешено, се надевам дека утре ќе биде добра утакмица

„Гладијаторите“ во досегашните три пресметки со двата битолски суперлигаши немаат победа.  Дуелот со битолските суперлигаши ќе биде четврта и последна шанса која мора да ја искористиме вели ракометарот Јовица Младеноски.

„Одигравме таму нерешен резултат и самиот резултат ни говори за изедначеноста на овие две екипи, значи квалитетот е тука некаде.  Утре со поддршка од публиката, со една борба, залагање пред се во одбрана, исто така и во напад очекувам дека ќе одиграме добар натпревар и бодовите ќе останат во Охрид

Двете екипи имаат обезбедено пласман во плејофот и затоа дербито на македонската ракометна лига нема да има голема резултатска  тежина па затоа се очекува врвен ракомет во Охрид . Додаде дека во фокусот на дерби средбата ќе бидат двата репрезентативни голмани Благојче Трајкоски и Кирил Колев. Се очекува дека и на утрешниот натпревар тие ќе се  престават во добро издание, а за прв пат оваа сезона во својата сала ќе се појави охридскиот миленик Иван Тасески кој ги брани боите на Пелистер.