Skip to main content

Охридските „гладијатори“ пред нов предизвик

Охридските „гладијатори“ пред нов предизвик. Тие на домашен терен ќе играат против екипата на Борец од Велес. Охридските ракометари очекуваат победа, секако со помош на големата поддршка од трибините со охридската публика.

 |  Николоска Биљана  | 

Победата над Еурофарм Работник во првото коло од плејофот значајна за охридските ракометари. Благојче Трајкоски истакна дека нивниот тим успешно се издигнал над проблемите со кои се соочувале последниве две недели од типот повредени играчи но и проблеми од техничка природа, така што успеале пред бројната публика да се докажат и покажат во вистинско светло. Тоа го ветуваат и за новиот предизвик кој ги очекува нашите „гладиатори“ со екипата на Борец од Велес.

„Борец е една многу компактна екипа иако на почетокот на регуларниот дел беше во незавидна ситуација со многу малку бодови, меѓутоа се консолидира и тие смогнаа сили и направија чинам околу 5 победи по ред и влегоа во плејофот и сега се сигурно желни да докажат дека не се случајно влезени во плејоф така да сигурни сме овде дека ќе дојдат по бодови, но ние и покрај тоа што сме изморени и со неколку души повредени… играме еве и без Јовица Младеноски, мора да докажеме дека сме фаворити на овој натпревар и мора уште еднаш да ја израдуваме охридската публика

Победата над РК Охрид во регуларниот дел од сезоната во Супер лигата, на екипата на Борец им ги отвори вратите за плејофот. Јосип Кезиќ, вели дека секој натпревар во плејофот е важен со исклучок на Металург и Вардар каде не би можеле да бидат фаворити на домашен терен.

„Ќе се потрудиме максимално да им се реваншираме, сепак играме на домашен терен, како што кажа Благојче, многу сме уморни, имаме повредени играчи, но ќе дадеме се од себе да победиме и запишеме нови три поени…се надевам дека публиката ќе дојде во што поголем број и дека ќе ни биде голема поддршка како и до сега

Уткмицата се игра утре, среда 05 април со почеток во 19 часот. Судии на натпреварот ќе бидат битолчаните Димитар Митревски и Благојче Тодоровски. Инаку, поради настапот на Вардар на завршниот турнир во СЕХА лигата, дуелот со Еурофарм Работник е одложен, додека Пелистер на домашен терен во втората рунда ќе го пречека составот на Металург.