Охридските гробишта осигурани од природни непогоди
Охридските градски гробишта се осигурани од природни непогоди. Директорот Зоран Симоноски за ТВМ обелоденува дека уште на самиот почеток од преземањето на раководната функција направил полиса за обезбедување и обештетување од природни неприлики, што претставува законска одлука, која пак не била испочитувана од претходното раководство.
Охридските гробишта се сколони на поплавување. Посебно опасност постои во зимскиот и пролетниот период кога се топат снеговите и надојдените реки од Велгошти можат да направат проблем. Според првиот човек на ЈП „Градски гробишта“, Зоран Симоноски, претходните раководства на ЈП „Градски гробишта“ уште во 2004 донеле непромислена одлука за копање канал сметајќи дека ќе го решат проблемот. Во тоа време бил ископан канал во близина на главната водоводна цевка на гробиштата, но за жал тој канал не ги задоволувал потребите бидејќи истиот немал капацитет водите да ги обезбеди и да ги спроведе понатаму.
„Во овој момент, постои канал на источната и северната страна на гробиштата према селото Лескоец, за да во таков случај водата се пренасочи на другата страна и да не дојде до поплавување“- вели Симоноски.
Тој информира дека секоја година уредно ги чистат каналите со цел да не дојде до поплавување. Тој дециден дека најмалку посакуваат да се случи поплава и во таа насока доколку сепак се случи некоја природна катастрофа, Симоноски за ТВМ, обелодена уште еден момент,
„Ако се случи некоја природна катастрофа ние со преземањето на ЈП веднаш пристапивме, направивме полиса за обезбедување и обештетување од природни неприлики. Досега тврдам дека претходното раководство ја немаше направено и таа полиса и ако таа е законска обврска на едно ЈП и тој чекор го направивме и го обезбедивме“.
Инаку, Симоноски информираше дека во тек е изработка на планот за работа и планот за јавни набавки за 2016 год. предвидени биле и развојни програми посебно во делот на откуп на нови парцели со што ќе се обезбедат нови гробни места од кои со нивна продажба, еден дел од ЈП се финансира.