Skip to main content

Охридските кajaкари од клубот Стрмец чекаат на ред за кајак и весло

Охридските кajaкари од клубот Стрмец чекаат на ред за кајак и весло.

 |  Валентина Неловска  | 
kajakari

kajakКајакарскиот клуб Стрмец е еден од двата градски клуба и во последно е привлечен за младите спортисти кои го бираат кајакот за спортување. Двесет млади спортисти од неодамна се членови во овој клуб кој има традиција долга скоро  7 децении. Во моментов  кајкарскиот клуб е во добра кондиција и брои околу  40 членови, вели претседателот  и државен  селектор на кајакарите Раде Попоски. Попоски открива како се справуваат  40-те кајакари кои може да тренираат на 20 -тина кајаци набавени пред повеќе од 2 децении.   

„ Чекаме на ред и за весло и за кајак.Посакувам  да имаме подобри услови и се надевам дека Локалната самоуправа  ќе ми излезе вопретсрет на чело со градоначалникото Никола Бакрачески“, се надева Попоски.     

КК „Стрмец“  располага со дотраени  20-тина  кајаци, од кои 7 двоседи, 7 едноседи и 7 кануа , главоболка им задава и несоодветниот простор. Кајакарскито клуб е сместен во бараките на Трудбеник. Кајакарите два пати во ден ги креваат и ги носат пловилата до езерските води за да тренираат, кажува Попоски .

„ Тешко ние за кревање на чамците. Одиме до 1000 метри оддалеченост. Децата се млади,  кајаците ги носат и ги враќаат сами, а местото треба да им е покрај езерото. Ќе се обидеме од градоначалникот да добиеме нови соодветни простории,“ посакува Попоски.

кајакКајакарскиот клуб Стрмец добива финансиска поддршка од Локалната  самоуправа, за покривање на основните трошоци и одржување на Меѓународната регата, вели Попоски. Обновувањето на кајаците  засега е невозможно затоа што чинат преку 3000 евра ,а  веслата достигнуваат цена и до 300 евра. Попоски се надева дека кајакрите ќе може да ги користат 3 донирани кајаци од Шведскиот Црвен крст на охридската организација. Претседателот на ОО Црвен Крст Сашо Точков пак , кого го контактиравме за таа можност, вели дека законски немаат право да ги отстапуваат или изнајмуваат донираните кајаци, но со договор може да им ги позајмуваат.