Охридските крводарители добија плакети и благодарници
Крводарителството во земјава е во подем, а голем број охридски средношколци несебично се вклучуваат во големото хумано семејство на крвдарители. ОО свечено го одбележа Денот на Црвен крст и Кродарителството.
Охридскиот кровдарител Борче Матески е добитник на плакета од ОО ЦК за 50 пати дарувана крв. Матески е крводарител од својата 16 година. Тој порачува крводарувањето е хуман чин со кој се спасуваат човечки животи , а тоа нема цена.
„Веќе 40 години дарувам крв повеќе од 50 пати. Чувството е големо и хумано. Се молам да имаме здравје и ние што даруваме крв и на тие што се болни и им е потребна крв“, вели Матески. Порачува младите да се вклучат во хуманото семејство на крводарители затоа што никој не знае кога ќе има потреба од оваа скапцена течност за луѓето“.
ОО на Црвен Крст – Охрид традиционално го одбележа денот на ЦК и на Крводарителството. Во земјава нема недостаток на крвни деривати, а тоа е потврда дека македонците се хумани и се вклучуваат во крводарителните акции, инфомира Сашо Точков.
Крводарителството во РМ бележи подем. Бројот на крвни единици секоја година се натфрлува. За 2018 година по порограмата беа планирани да се соберат 55.000 крвни едници. Ние сме обезбедиле 56.000 крвни единици на ниво на Македонија што се доволни количини.Упатувам апел да не се злоупотребуваат социјалните мрежи и да се бараат крвни единици под назнака хитно.Тоа не е случај ако има потреба тоа го прави Црвениот крст преку општинските организации“, напоемнува Сашо Точков претседател на ОО Црвен Крст Охрид.
ОО на ЦК го одбележа 17 март Денот на Црвен крст и кродарителството на РМ. Во семејството на крводарителите во општина Охрид бројот а на крводариотели се движи околу 1000. На крводарителните акции се вклучуваат голем број средношколци и млади луѓе. Денес на крводарителите од Охрид со најголем број дарувана крв, како и на фирми и институции поддржувачи на крводарителството, на свечен начин им беа врачени 6 плакети и благодарници.