Охридските лајонисти не ги заборавија слепите лица
Лајонистите од Охрид им подарија комјутер со специјaлна програма наменета за потребите на слепите лица.
Лајонистите од Охрид им подарија компјутер со специјaлна програма наменета за потребите на слепите лица. Охридските лајонисти, како и останатите колеги од светот, од 1925 година се заштитници или витези на слепите. Со нивната хуманост им помагаат на слепите лица покажувајќи им дека не се сами и дека има луѓе кои сакаат да им помогнат. Лајонситите од Охрид не ги занемaруваат и останaтите ранливи категории луѓе. Помагаме и на лицата со оштетен слух, но и на сите останати кои имаат потреба од хуманост, вели Михајло Арнаудов од Лајонс Клуб Охрид. На светскиот ден на слепите, членови од Лајонс Клубот Охрид го посетија охридското Здружение на слепи, разговараа со нив и ги слушнаа нивните потреби.
„ Остваривме средба, разговаравме во Центарот, тука освен слепите лица има уште 4 здруженија и нивните проблеми се големи. Ние ќе им помогнеме, но не само финансиски туку и морално за луѓето да знаат дека има луѓе кои сакаат да им помогнат. Сите активности кои ќе бидат преземени од идните хуманитарни концерти и други активности во оваа лајонистичка година, средствата ќе бидат донирани повторно. Останува да одлучиме дали тоа ќе биде во оваа година или ќе практикуваме традиционално да се донираат на Денот на слепите, рече Арнаудов.
Претседателот на Здружението на слепи лица од Охрид, Славчо Џајкоски е задоволен од досегашната соработка со Лајонс Клуб Охрид. Од името на слепите лица од градот тој ја потенцираше благодарноста за хуманиот гест на лајонистите.
„ Имаме добра соработка со Лајонс Клуб Охрид. Ова е нивна трета донација. Првата ја употребивме за реновирање на просториите во Здружението, втората беше донација во апарати за домаќинството со која помогнавме 35 социјално загрозени семејства, а третава е компјутер со звучна прогарма. Слепите ќе можат да го користат компјутерот и придобивките на инетернетот. Ќе може да комуницираат со колегите од другите градови и да користа мејлови“, кажува Џајкоски.
Џајкоски проговори и за потребите на слепите лица, како и за досегашните достигнувања во подобрување на нивниот живот. Постојано се трудиме да им го направиме подостоинствен животот за да се чувствуваат рамноправно со другите лица, вели Џајкоски. По долги напори успеавме покрај бенифицијата додаток за слепило да им обезбедиме и додаток за личен асистент, за да можат да имаат постојано помош покрај себе.
Остануваат за реализација и други бенефици, а како една од позначајните е вработувањето на слепи лица и самостојно заработување за живот, посочува Џајкоски.
Во Македонија има 2200 слепи лица од кои 87 се членови на Здружението во Охрид.
{loadposition content9}