Skip to main content

Охридските ловци навреме се погрижија за прихрана на дивечот

Охридските ловци навреме се погрижија за прихрана на  дивечот.

 |  Валентина Неловска  | 

Деновиве од ниските температури во опасност беа дивите животни и  птиците. За среќа  од студот досега на ловните терени и по планините не се  пронајдени измрзнати  животни и птици, информираат од Ловното здружение Охрид. Тие се концесионери на 50 000 хектари и се задолжени да го прихрануваат дивечот . Располагаат со 4 ловишта од кои две за ситен и две за крупен дивеч. Со подготовките почнале пред почетокот на нова година и навреме ја распределиле прихраната, информира ловникот Зоран Целакоски.     

„Сместивме храна околу 19 тони енергетска храна најмногу пченка. Овие денови вршиме прихрана по терените. За ловиштата со ситен дивеч во Мешеишта, Белчишта и Косел набавивме и пченица. Ја растуривме по ловните терени. Температурите се екстремни и дивечот не може да се храни, се е замрзнато“ вели Целакоски.

На терен досега не се пронајдени пцовисани животни и птици од студ или изгладнетост како резулата на ниските темепратури, велат ловците.   За заштитата на ситниот и крупниот дивеч се обезбедени доволно резерви со енергетска и кабаста храна.

„За оваа сезона задолжени сме според ловностопанската  основа да ставиме  храна за 60 дена. Во екстремно лоши временски услови  треба да прихрануваме 90 дена. Вкупната храна енергетска и кабаста која ја имаме набавено е 19 тони“, посочува Целакоски.

За распоредување на прихраната се грижат 4 ловочувари од ловочуварската служба. На терен помагаат и ловците кои во охридското здружение ги има околу 400 ловци, информираат од охридското ловно здружение.