Skip to main content

Oхридските малолетници заинтересирани за полагање возачки испит Б категорија

Oхридските малолетници заинтересирани за полагање  возачки испит  Б категорија.

 |  Валентина Неловска  | 
аш
аш

Охридските малолетници заинтересирани да полагаат возачки испит Б категорија. Оваа можност може да ја користат од јули 2013 година кога  стапи во сила Правилникот за полагање на возачки испит за малолетни лица со наполнети16 години. Од авто школата „ Старс Инжинеринг“ кажуваат дека средношколците од Охрид ја користат оваа можност.
аш
„Конкретно во Охрид  има заинтересирани, но не масовно. Во другите градови немам информација. Дел од децатат кои се заинтерсирани не исполнуваат услови. Имавме кандидати кои ги исполнуваат условите, но поради многу причини не полагаат. Некои од нив се  одредбата за ограничено време  кога полсе 20 часот не може да управуваат  со возилото. Како и за сите почетници со возилата кои управуваат не смеат да возат коли  повеќе од 75 kw, а во семјството поседуваат поголеми коли па не можат да ги возат па се откажуваат од полагање“, вели дипломираниот сообраќен  инжињер Соња Шикалоска од АШ „ Старс Инжинеринг“.

За да се добие возачка дозвола средношколците треба  да исполнат повеќе услови. Во тие услови покрај  согласноста од двајцата родители, малолетниците  треба да добијат согласност и од училиштето каде што посетуваат настава. Се случува многу често заинтерсираните ученици да не исполнат некој од законските критериуми  меѓу кои се одличниот успех и примерното поведение, вели Шикалоска.
аш
„Имаме голем број ученици  кои немаат одличен успех, а имаат примерно поведение и не можат да се стекнат со право за полагање на возачки испит. Има и со одличен успех , но немаат примерно поведени. Некои од децата се преокупирани со спортски активности и оправдано остсустуваат од училиште. Според законот пак ако направат одреден број на неоправдано отсуство од часовите им се намалува поведението“, појаснува Шикалоска.
 
ТВМ стапи во контакт со четирите општински охридски училишта за да дознае колку  ученици побарале од своето матично училиште потврда за да полагаат возачки испит Б категорија. Од охридската гимназија информираа дека околу 20 ученици дсега од нив побарале потврди за да го полагаат возачкиот испит. Во средното угостителско училиште досега не издале нити една потврда. Во електромашинскиот училишен центар лани и оваа година до стручните служби се обратиле само двајца ученици.  Во средното економско училиште, пак  од септември минатата година до овој период четворица ученици  побарале мислење од класните раководители. Но, нивните потврди не биле прифатени од авто школите заради  тоа што немало и  мислење од стручна служба. Училиштето сеуште нема  психолог или педагог, вели директорката на ова средно  училиште.

{loadposition content9}