Охридските маратонци ќе учествуваат на Белгрaдскиот маратон
На иницијатива на Почесниот конзул на Р Србија во Охрид, педесеттина маратонци од Охрид ТрчаТ ќе бидат дел од Белградскиот маратон. За охридските маратонци конзулатот обезбеди 50 ноќевања за два денови и превоз. Спортската манифестација се одржува овој викенд, а целта е културно и спортско сплотување на двата народи. Тоа ќе придонесе за посебна кохезија не двете значајни спортски манифестации.
„Овие работи се најбитна спона меѓу народите за заедничко дружење, што ќе вроди плод на сите полиња, како и економијата. А секако и на една иницијатива на општините Охрид и Белград ќе се склучи уште едно поблиско поврзување со тоа што ќе работиме на побрамитување да станеме стратешки партнери во сферата на туризмот, економијата и нашите традицонални иделани односи кои ги имаме со векови а се покажаа и докажаа, а во иднина ќе бидат уште поцврсти“, вели Михајло Филев конзул на Р Србија во Охрид.
Спортот ги урива границите и ги зближува народите. Присуството на охридските маратонци на Белградскиот маратон ќе биде почеток за подлабока соработка во иднина, велат од Охрид ТрчаТ.
„Ја сверувам дека ова ќе е почеток на една долгорочна соработка која што со тек на време не само преку нашето учество на Белград маратон, туку и преку учеството на белграѓани и србите од цела Србија на Охрид ТрчаТ и сите спортски манифестации во Охрид ќе ја збогатиме нашата соработка и со тек на време ќе изградиме убаво пријателство , ко ќе биде на бенефит на двете држави“, вели Иван Цветкоски директор на Охрид ТрчаТ.
„На трките од 10 км и од 21 км ќе имаме наши учесници и на рекреативната трка од 2,7 км. Така да престојниот викенд од 20 ти до 23 април охридските маратонци ќе се дел од белградски маратон како што кажа и Иван таму ќе има над 10 000 учецници ова е рекорден број на учесници на Белгард маратон и ќе ни биде чест и задоволство да го испромовираме не само Охрид ТрчаТ, туку воопшто и Охрид и Македонија. Оваа соработка ќе продолжи и во иднина со цел белградските тркачи да бидат учесници и на Охрид ТрчаТ и на сите спортски манифестации кои што се одржуваат во Охрид“ , вели Јоне Станкоски од Охрид ТрчаТ.
На Белградскиот маратон ќе има и експо саем каде ќе се промовираат трките од целиот регион. На него се очекува да продефилираат повеќе од дваесет илјади посетители а Охрид ТрчаТ со брендиран штанд ќе го промовира градот Охрид со цел да се привлекуваат туристи.
Новинар Соња Рилковска