Охридските матуранти одиграа квадрил
Охридските матуранти одиграа квадрил.
Охридските матуранти на градскиот плоштад по 9-ти пат го одиграа квадрилот. 450 средношколци од трите охридски училишта танцуваа на звуците операт на Штраус „Лилјакот“, а заиграа и салса. Завршувањето на средното образование на сите охридски ученици им го честита градоначалникот Никола Бакрачески. Тој им порача да продолжат со школувањето и да бидат среќни. Но, да ги направат и другите околу нив да се чувствуваат среќно.
„ Пред Вас е отворен нов пат кој секој посебно ќе го осмислува и ќе го поминува. Бидете достоинствени и храбри да се соочите со предизвиците кои секогаш ќе стојат пред Вас. Бидете цврсти во вашите одлуки да напредувате во животот само на начин кој нема да ги наруши човековите етички вредности. Посветете се на континуирано знаење и на повисоко образование и едукација, на стекнување на вистински знаења затоа што тоа е пат кон успехот и една од работите кои во животот нема да ви бидат одземени“, кажа при тоа градоначалникот.
Точно напладне со своите врсници од 11 европски земји танцуваа охридските матуранти. Танцот го посветија на своите врсници од Србија, Бих, Хрватска и Украина кои заради несреќните случувања во нивните земји беа спречени истовремено да се радуваат на завршетокот на едно важно поглавје од животот на секој млад човек – матурата.
{loadposition content9}