Охридските пензионери организирани до успешни активности
Охридските пензионери организирани до успешни активности.
Пензионерите од Здружението на Охрид и Дебрца и во третото доба се активни на многу полиња. Тоа го потврдуваат постигнатите успеси во текот на целата година, информира претседателот Ѓорѓи Трпчевски. Резултатите со бројни, од освоени пехари и први места во спотроски дисциплини, така и во фолклорни ревии и презентации на културните вредности од регионот. Сето тоа не е случајно туку добра организираност и посветеност во дејностите, додава Трпчески.
„ Ние сме единствено здружение во Републиката вака органзирани и сите сега преземаат искуство како сме организирани. Вклучени се луѓе кои ја разбираат одредената проблеметика. Во почетокот активностите беа да се дижиме и рекреираме, но сега добија друг третман“, вели Трпчески.
Професорот Миле Христов ,претседател на Комисијата за спорт, посочува дека пензионерите од нивното здружение биле најдобри три фосини со ред. Од 21 спортска дисциплина нивните преставници псотигнале најдобри резултати во 17. Најдобри биле во шах, стрелаштво, пикадо, во сите атлетски дисциплини, набројува Христов. На републичките смотри зеле учество 40 пензионери.
„Вистина работеа на тренинзите. Имавме општински нетпревари и одбарвме најдпбри преставници кои змаинаа на републичките .Заслугата е успшех ансите .Претседателот е заинтресиран , како и тренерите и водачите на спорстките екипи“, напоменува Христов.
Забележителни успеси постигнува и КУД при Здружението. Уметничкиот раководител Ристо Трајкоски кажува дека нивните членови го негуваат охридскиот мелос и традиции.
„Пред 3 години со наше настојување и Одлука на Здружението се формира КУД при Здружението и се прошири прогармата со фолклорен дел каде што се игра и се посвети поголемо внимние на охридксиот старогардски мелос кој беше малку застапен во програмата за Охрид“, појаснува Трајкоски.
Сите активности кои ги презме Здружението имаат за цел да ја пренесат љубовта и традицијата на младите луѓе, да ги мотивираат да се бават со култрура и спорт, посочува Трајкоски. Овој месец здружението одбележува 6,5 децениско постоење. На 19 јуни во собраниската сала Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца ќе одбележат значаен јубулеј , 65 години од неговото формирање. За таа цел ќе биде промовирана и Монографија посветена на здружението.