Skip to main content

Охридските пештерски цркви недоволно промовирани

Охридското црковно наследство недоволно се промовира пред бројните туристи кои го посетуваат Охрид. Кај нас има уникатни фрески единствени во православието, значајни за целиот свет, за кои не се зборува доволно, раскажува Гоце Ангеличин Жура, историчар на уметност.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Охридското црковно наследство недоволно се промовира пред бројните туристи кои го посетуваат градот на вековите, Охрид. Ваков е впечатокот на историчарот на уметноста Гоце Ангеличин Жура. Тој децидно кажува дека нема ништо против туристичките водичи од нашиот град, но смета дека треба секоја година да внесуваат по нешто ново, односно да го промовираат она што досега ретко кој го знае за нашиот древен град.

„Значи ништо ново ние…. само да не кажам ние само шоферски вергламе за некои работи и ако ги видите водичи, не го напаѓам ни Ристо Кузманоски, првите водичи од 1953 година…исто е не е сменето, само нови фотографии и не знам што. Значи ништо ново напредно, никаде во ниту еден туристички водич не се опфатени пештерските цркви, ништо ново за Св Софија, па самоиловата патријаршија тука е јужно од Св Софија

Туристичките водичи учат од застарени прирачници, не ги следат новите истражувања и откритија. Ретко кој водич ги нуди и раскажува за пештерските цркви долж брегот на Охридското Езеро, вели Жура. Секоја црква, манастир, базилика, икона и фреска си има своја посебна приказна. Во охридскиот регион има уникатни фрески единствени во православието, значајни за целиот свет, за кои не се зборува доволно.

„Кога ги слушам овде водичите, па јас можам да речам дека, кај мене да полагаат сите водичи во Македонија јас би ги вратил во осмо одделение. Значи никакво познавање немаат, само пари да земаат и ништо. На мојата последна промоција патописците пишуваат за Охрид, но најважното за Охрид треба да го имаат под перница и како оче наш да го знаат, за и самиот да биде привилегиран, да кажи дека живее во еден град каде не почитувале од 11 ти век овде“

На Охрид му недостасува брошура во која ќе бидат застапени бројните цркви и манастири со цел поголема промоција на богатото црковно културно наследство во регионот. Исто така Жура смета дека треба да има поголема соработка на добрите познавачи на туризмот, културата, историчарите, етнолозите, со локалната и централната власт.