Skip to main content

Охридските пожарникари за една недела интервенирале 5 пати

Охридските  пожарникари за една недела интервенирале 5 пати. Гаселе запалени оџаци кои поминале без голема материјална штета. Пожарникарите апелираат граѓаните редовно  да ги проверуваат и чистат оџаците, но и да  внимаваат на грејните тела како ги оставаат да работат, посебно кога не се дома. 

 |  Валентина Неловска  | 

За една недела охридските пожарникари изгасиле 5 пожари. Од нив 4 интервенции биле гасење на оџаци, а се гасел и еден запален контејнер. Од кога почна грејната сезона од 15 октомври до денес, пожарникарите интервенирале на гасење на 26 оџаци претежно во градските населби, информира Горан Маркоски заменик командир на охридската територијалната противпожарна единица. Од оваа бројка 19 оџаци гореле на индивидуални куќи, а останите биле во колективни згради.


„Споредено со лани во грејната сезона ова е податок кој охарбрува. Се бележи намалување на интервенциите. Веројатно нашите апели до граѓаните редовно да ги чистат оџаците вродија со плод. Се намалуваат интервенциите, се избегнуваат опасностите од проширување и предизвикување поголеми материјални штети“, подвлекува Марксоки.

Охридските пожарникари се задоволни што опожарените оџаци не предизвикале големи материјални штети и нема човечки жртви.


„Воопшто немало метријална штета. Пожарот останал во оџачниот канал. Гореле само саѓите без настанување на дополнителни оштетувања на објектот и на материјалните добра. Тоа се должи и на брзата интервенција на пожарникарите“, вели Маркоски.

Според евиденцијата на ТПЕ во 2017 година пожарникарите интервенирале на гасење 355 пожари. Од нив на отворени пожари гаселе 179 пати, а на објекти имале 155 интервенции, додека со технички интеревенции дејствувале 112 пати.