Охридските психолози откриваат поразителна статистика
Охридските психолози откриваат поразителна статистика. На децата од 7-12 години најважен им е надворешниот изглед. Струќните лица апелираат до родителите на своите деца да им ја потенцираат важноста на моралните и етичките вредности. На денешниот прес во Црвен Крст покрај сознанијата за психичкото здравје на охриѓанчињата, беа презентирани и податоци за оралното здравје.
Децата од 7-12 години најзаинтересирани за надворешниот изглед. За тоа зборуваат резултатите од психолошкиот осврт, кој беше направен во рамките на акцијата „За посреќно детство“. Иако пред младите охриѓанчиња беа претставени повеќе занаети, книговез, резбарство, автомеханичарство, изработка на свеќи, сепак младите заинтересирани за маникир, педикир, фризура и шминка, открива психологот Александра Џуклеска.
„Загрижувачки е тој факт што децата многу малечки, значи сеуште не се влезени во пубертет, а пројавуваат толку голем интерес за надворешниот изглед. Тоа е многу загрижувачки и најмногу треба да се обрати внимание на домашното воспитување. Значи препорака е родителите повеќе да обратат внимание на тоа, затоа што ако децата уште отсега посветуваат внимание на надворешниот изглед, ги губат моралните и етички вредности кои што се многу поважни од надворешниот изглед“.
И резултатите од здравствено едукативната програма за орално здравје кај младите, која беше спроведена врз 150 деца на возраст од 3-15 год, покажуваат загрижувачки резултати. За тоа зборуваат стоматолозите од ординацијата Баткоски, кои со свој активности беа дел од акцијата „За посреќно детство“, што ја спроведе Црвениот крст од Охрид на 8 ми јуни, годинава.
– Кај 75% од децата кај кои беше извршен преглед беа утврдени случаи на кариес, крварења, лош хигиенски статус. 20% од нив беа со среден индекс на крварење и хигиенски статус,и само 5% со задоволувачки параметри. Основни причини за ваквата појава се нередовното посетување на матичен стоматолог, лошите навики- грицкање моливи, нокти, долг период користење на цуцли, како и предвременото вадење на млечните заби, што доведува до понатамошни аномалии на забите, вели Баткоски.
Стоматолозите апелираат, превентивните прегледи задолжително да се прават и тоа уште со излегувањето на првото запче, како би се постигнал успех и да ги спасиме нашите деца. Инаку од Црвен Крст се задоволни од годинешната акција „За посреќно детство“. Инаку од Црвен Крст се задоволни од годинешната акција „За посреќно детство“. Анета Јованоска го обелодени најсреќиниот добитник од хуманитарната акцја „За посреќно детство“, шест годишниот Димитар Ѓуроски, кој заедно со своето семејство 7 дена ќе одмара на Златибор, за време на зимскиот распуст.
{loadposition content9}