Охридските ракометари очекуваат поддршка од публиката за победа
Победа со поддршка на охриѓани. Такви се очекувањата на охридските ракометари за утрешниот натпревар помеѓу екипите на Охрид 2013 и Тинекс Пролет.
Утре со почеток во 20 часот и 15 минути во Спортско Рекреативниот центар „Билјанини Извори“, охриѓани ќе ги одмерат силите со Тинекс Пролет, ретка екипа која во минатите сезони славеше над гладијаторите во Охрид. И покрај лошата историја охриѓани се фаворити на овој дуел бидејќи во првиот дел од шампионатот славеа на гостувањето во Скопје. Иван Тасески, кажа збор два околу нивните очекувања.
„Ни доаѓа една незгодна екипа која две години со ред губиме на домашен терен. Во зимскиот преоден рок се појача со неколку играчи , но ќе го дадеме ние максимумот за да ја оствариме својата победа против нив на домашен терен. Во есенскиот дел ги победивме на нивни терен со 4 разлика па сега се надеваме на истото“.
Крсте Андоноски, играч на РК Охрид 2013, истакна дека засилено течат подготовките и во текот на денот имаат по два тренинзи. Според него најголем мотив е да играат во Европа.
„Одиме на победа, секако да ја задржиме нашата форма, бидејќи ќе ни треба со оглед на тоа што има тешки натпревари во плеј офот, во кој очекуваме да избориме место кое води во Европа“.
Полна сала и поддршка на публиката е она што во моментов ни е најпотребно истакна најновата аквизиција голманот Благојче Трајкоски еден од најзаслужните за последната победа на охриѓани во Прилеп.
„Тинекс Пролет, не е екипа за потценување . Доволно квалитетна екипа да се спротивстави на секоја екипа во македонскто првенство, не му е местото во плеј аут бидејќи ќе разигруваат во плеј аут, но спортот е знаење и среќа. На овој натпревар утре, сакаме максимално да влезиме“.
Инаку РК Тинекс Пролет, како што спомнаа охридските ракометари бил добро воигран тим со млади ракометари кои цело време тренираат заедно. Утрешниот натпревар е последен пред домашната публика во регуларниот дел од македонската ракометна лига. До крајот на сезоната преостанува уште едно гостување кај Вардар јуниор и она што ги очекува сите љубители на ракометот плејофот и дуелите со најдобрите македонски екипи како Вардар, Металург и Зомимак.