Охридските ракометари ветуваат елитна утакмица со победа
Фаворити сме според местата на табелата, а наша обврска ќе биде да ја оправдаме таа улога и на терен. На денешната прес конференција, по повод утрешната утакмица во 19 и 30 часот во СРЦ „Билјанини Извори“ оваа изјава доаѓа од Адамовиќ и Јанев ракометарите кои играаат за РК Охрид“.
Викендов, поточно сабота на домашен терен со почеток во 19 часот и 30 ракометарите од Охрид ќе го играат последниот меч во СРЦ „Билјанини Извори“ во регуларниот дел од Супер лигата, против „Тинекс Пролет“. Охридските ракометари очекуваат победа која ќе ги доближи на меч од првата позиција во елитната ракометна лига.
„Мислам дека сме фаворизирана екипа по табела и сметам дека тоа на терен и ќе го докажеме во сабота. За тоа се подготвувавме цела недела, ќе бидеме можеби во еден тренинг меч за плејофот кој ни следува“ – вели Адамовиќ.
Ракометарот Дарко Јанев ги повика охриѓани во сабота да проследат еден елитна ракометна утакмица. Јанев овој пат ќе му биде противник на тимот во чии што состав тој играл кратко време.
„Тинекс Пролет“ како млада екипа, сепак не е некое мерило за нас, сепак сме први на табелата, покажавме дека можеме да се носиме, го направивме истото историски успех за клубот и за градот, значи први се надевам дека ќе останеме таму тоа се тие две кола со Пролет и со Радовиш. Пролет ќе ни биде како некоја тест утакмица за плејофот кој ни е од значење да гледаме да бидеме што повисоко на табелата да освоиме трето место бидејќи второто мислам дека е невозможно таму е Металург“- изјави Јанев.
„Пролетерите“ се еден од противниците кој во минатото не му лежеше на „гладијаторите“, останува да видиме сабота како ќе се покажат охридските ракометари. Натпреварот од 17 тата рунда во регуларниот дел од Супер лигата започнува во 19 часот и 30 минути, а билетите за суперлигашкиот натпревар изнесуваат само симболични 30 денари.