Skip to main content

Охридските ресторани без сомелиери

Студентите од Факултетот за угостителство и туризам ќе учат како на високо професионален начин да го нудат македонското вино.

 |  Валентина Неловска  | 
vino
vino

Студентите од Факултетот за угостителство и туризам ќе учат како на високо професионален начин да го нудат македонското вино. На оваа високо образовна институција се одвива прва едукативна работилница посветена на виното и промовирањето на винската култура кај нас. Виното е важен производ во угостителската индустрија за кое е потребно повисоко знаење на студентите. По завршувањето на четирите работилници тие ќе се стекнат со сертификати за вински експерти. На тој начин ќе бидат подготвени не само теортески туку и практично да го нудат виното и да одговорат на потербите на работното место, напоменува организаторот на работилницата Проф. Ангела Василеска. Таа додава дека на угостителската индустрија и недостасува  професионален кадар.
vino ftu
„ Во сите угостителски објекти нема лица кои знаат правилно  да го послужат и понудат виното. Секое вино треба да е послужено со винска  приказна, а не само да им се даде мени или винска карта на консументите“.

Работилницата ќе ја води дип. инж Лилјана Лазова сомелиер,  од Винарската визба Тиквеш, со долгогодишно искуство на полето на производство на вино. Лазова се согласува дека во земјава на угостителските објекти им недостигаат професионално обучени луѓе кои ќе знаат како на консументите да им го понудат и презентираат македонското вино. Во едно шише вино има повеќе од вино, има живот, филозофија на живеење и многу вложен труд додека тоа да стигне на трпеза, нагласува Лазова.

„ Мило ми е што една образовна институција сака да го спои  производството и искуството со  науката. Сакам сите моменти со кои се среќаваме во пракса да ги предочиме за да повлечат приказна за секое шише вино“.
someliertsvo
Покрај овој проек во ФТУ, во последните 4 години работат на едукација на високо квалитетни кадри каде што се комбинираат теоретските и практичните знаења. Во тек се имплементирање на уште два проекти. Еден е  прозиводство на кондиторски производи во кој учествуваат студентите од 3 година на насоката гастро, исхрана и диететика. Производите се  здрава храна наменета за целни групи како што се дијабетичарите и луѓето алергични на глутен. Другиот проект е инсталирање на  софтверска програма од областа на хотелиерството за полесно доаѓање до работа во светската хотелска индустрија.   

{loadposition content9}