Skip to main content

Охридските села не искористиле пари од фондовите од Европската унија и Владата

Охридските села не искористиле пари од фондовите на Европската унија и Владата.

 |  Валентина Неловска  | 
orman
orman

До 8 јули тече третиот повик за користење на средства од владината Агенција за за поддршка на земјоделски и рурален развој.   Од ЕД Грашница во  соработка со жителите од село Орман реагираат дека институциите се неажурни во подготвување на апликациите за да се искористат средства за развој на селата. Борис Стојаноски  од ЕД Грашница, напоменува дека досега  охридските села не искоритиле пари за развој нити од ИПАРД фондовите на Европската унија , но ни од Владата на Македонија. Поголемиот  број на села имаат нужна потреба од канализација, водовод, патна инфрстатруктура, како и од  регулирање на одводните канали, кажува Стојаноски. Според него искористеноста на парите од фондовите во Охрид е никаква.

 ormanУкажува дека се пријатно изненадени како во соседниот град Кичево институциите извлекле пари од фондовите за рурален развој на околните села. Зошто не се искористени фондовски пари во општина Охрид, Стојаноски  проблемот го лоцира во неинформираноста на луѓето како да подготват проекти, но и во не знаењето на службите како да ги подготват проектите. Посочува и на недостаток на соработка  помеѓу   институциите, локалното населени и невладиониот сектор.

„ Мислам дека луѓето во селските средини не се информирани, но ова е работа на службите. Тие, пак затајуваат, едноставно не ги следат повиците што биле претходно во дел на поранешната локална власт, и третиот кој е во сегашната локална власт. Не сакам  да критикувам, но службите кои требало да ги следат и пласираат во јавноста  затаиле во овој случај.“
 
ormanОд охридскиот Тлер, се оградуваат околу нивната улога при искористување на средства од европските фондови. Велат дека до тие пари можеле да дојдат само правни и физички лица, но не и тие како  институција. Потврдуваат дека досега не искористиле пари од Владата на РМ , не навлегувајќи подлабоко во причините  зошто. Но, затоа ветуваат дека во претстојниот период ќе го решаваат овој проблем со  поголема соработка со месното население.

 Горан Мицкоски од Тлер, појаснува „ во последните  три месеци вложуваме напор да ги видиме сите проекти кои биле доставени и барале проблемите да им бидат решени преку вакви проекти“.

 Мицкоски информира дека во меѓувреме подготвиле проекти со кои ќе  аплицираат до владината Агенција за поддршка на земјоделството и руралниот развој. Поднеле проекти за реконструкција и обнова на улиците во село Косел, асфалтирање на  патниот правец Косел- Вапила-Сирула,  уредување на гробот на Аргир Маринчев во Рашанец, како и уредување на излетничкото место Св. Наум во Лескоец, во износ од околу 30 милиони денари.

{loadposition content9}