Skip to main content

Локална самоуправа Охрид

Охридските советници ги усвоија кварталните извештаи

Градските избраници ги усвоија кварталните извештаи за работа на општината и на јавните претрпријатија. Советниците имаа спротивставени ставови околу реализацијата на програмите на општината. Заеднички став имаа за финансиски спас на јавните претпријатија.
 |  Валентина Неловска  | 
усвоени квартални извештаи

Охридските советници ги усвоија кварталните извештаи за општината и јавните претпријатија. Градските избраници имаа различни ставови околу реализацијата на програмите. Од опозицијата укажаа на недоволна реализација на одредени програми. Живка Ангелоска, координаторка на советничката група на СДСМ, ги наведе големите разлики меѓу процентуално реализирани програми. Без реализација ги наброја програмите за енергетска ефикасност, капиталните инвестиции во средното образование, детската заштита. Има потфрлање во вкупната реализација на основниот општински буџет, вели Ангелоска.

Од 17 проценти на реализација се содржат трансфери за извршени работи кон јавните пртетпријатија, трансфери кон невладини организации и здруженија на граѓани и спортски клубови. Доколку се одземат овие трансфери, овој квартал би се завршил со помалку од 17 проценти“ – смета Ангелоска, координатор на советничката група на СДСМ.

Перчо Божиноски, координаторот на советничката група на Вмро Дпмне, не го дели мислењето на колешката од опозицијата. Со оглед дека се работи за првиот квартал, извештаите реализирани во овој период може да се дефинираат како успешни, вели Божиноски. До сега се реализирани 200 милиони денари, или околу 19% од вкупниот буџет. Реализираните програми се на задоволително ниво. Доказ се дека е донесен реален и остварлив буџет. Ги набројува програмите за системот за водоснабдување реализиран со 24 проценти, 20 проценти реализација на прогрмата за јавна чистота. Позитивно ги оценува и извештаите за работа на јавните претпријатија, вели Божиноски.

„Од извештаите за работењето на ЈП се гледа дека раководителите успешно се справувале со предизвиците. Имаат јасни приоритети и покрај зголемените трошоци за електрична енергија, зголемувањето на платите, цените на репроматертијалите. Овие зголемувања се настанати по три основи. Од зголемувањето на цената на електричната енергија, зголемувањето на висината на минималната плата и од зголемувањето на цените на горивата“-посочува Божиноски.

Охридските советници зазедоа заеднички став за подобрување на финансиската состојба на Јавните претпријатија. Се предложи претпријатија да направат анализа на состојбите и подготовка на антикризни мерки. Исто така, да се формира кородинативно тело кое ќе сугерира кратење и заштеда во работата. Советниците ги усвоија и предлог одлуките за изготвување на урбанистичко – планска документација за неколку охридски села.