Охридските советници едногласно изгласаа мерки за спас на плашицата
Охридските советници едногласно изгласаа мерки за спас на плашицата. Меѓу системските мерки за заштита на биодиверзитетот во Охридското езеро се чистење на каналот Студенчишта и разграничување на институционалните надлежности врз езерото. Една од приоритените мерки ќе биде донесување на планот за управување со Охридкиот регион кој Управата за културно наследство го одолговлекува 8 години.
На вонредна седница охридските советници едногласно усвоија мерки за понатамошен спас на плашицата во каналот Студенчишта. За поморот на плашицата кој минатата недела се случи во каналот никој не сноси одговорност затоа што и никој не управува со езерото. Сега со мерки на Советот ќе се бара системско решавање на пропустите за во иднина да не се случуваат слични ситуации , се согласија охридските советници. Од Вмро Дпмне кои ја иницира вонредната седница произлегоа и предлог заклучоци за да се преземат активности за да се запрат еколошки катастрофи врз биодиверзитетот на езерото.
„ Се задолжува Градоначалникот на општина Охрид да се обрати до Министерството за екологија, со барање за превземање на превентивни мерки и активности со цел спречување на поморот на плашици во иднина, се задолжува Градоначалникот на општина Охрид да побара од ЈНУ Хидробиолошки институт Охрид информација и насоки за препорачани и дозволени флуктуации на нивото на езерото, соработка со ЕЛЕМ Македонија да се покрене иницијатива за формирање работна група која ќе даде писмени препораки за надминување на постојната состојба и иницирање на измени на постојната законска регулатива од оваа сфера, рече Пецаков.
Овие заклучоци беа прифатени ,а градоначалникот Јован Стојаноски предложи и дополнителни. Меѓу нив се добивање на дозвола за мелиоративен риболов од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и надлежните служби да извршат проширување и продлабочување на каналот Студенчишта. Стојаноски кој се залага за системски мерки подвлекува дека како ЛС ќе инсистираат на донесување на планот за управување со Охридскиот регион.
„Еден дел од планот за управување со Охридскиот регион е и планот за управување со Охридското езеро и сливното подрачје. Со него точно ќе се знаат ингернциите кој ќе управува кој ќе е одгворен за водостојот или риболовот и други работи поврзани со Охридското езеро. Тоа беше содржано во Законот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион од 2010 година. За жал ништо не беше преземено во тој дел и тој план за управуавње со Охридскиот регион. Со негово донесување ќе се знае кој ќе управува со Охридското езеро и споменатите активности и ќе има регулација, а не проблеми со кои се соочуваме денес“, подвелече Стојаноски.
На вонредната седница беа поканети и претставници од ЕЛЕМ, од Министерството за екологија и Хидробилошкиото институт. На седницата беше присутен проф. Д-р Трајче Талевски како претставник од Хидробиолошки. Тој меѓу другото се осврна на причините за помор на плашицата во каналот. Ги наведе уништувањето на зимовниците на плашицата в долж крајбрежјето од страна на човекот и непочитување на риболовните основи на концесионерот кој во минатите години не ја изловуваше плашицата.