Охридските советници изгласаа повеќе паркинг места
Градските советници усвоија предлог одлуки од повеќе програми и правилници. Едногласно беа усвоени Правилникот за користење финансиски средства од буџетот на општина Охрид за субвенционирање на занаетчиите и за партиципација и сопствено учество на општина Охрид во проектот „Набавка на механизација за јавните комунални претпријатија за ЈП Нискоградба и Охридски Комуналец. Од СДСМ и коалицијата упатија забелешки на предлог-одлуката за распоред на средствата на буџетот на општина Охрид и за програмата за изградба на сообраќајна сигнализација за 2022 година.
Во програмата за сообраќајна сигнализација, советнците реагираа на постапката за уредување на велосипедска патека на потегот Охрид- Св. Стефан. Велосипедската патека е крајно небезбеден и неиздржан проект. На граѓаните им треба паметно трошење на парите, функционални проекти, а не атракции, кажа советничката Живка Ангелоска, координатор на СДСМ и коалицијата .
„Несериозен е пристапот. Буџетот треба да содржи проекти кои имаат здрава основа и добра финансиска анализа. Проекти кои се реални и не е голем процентот на неизвесност дека ќе бидат реализирани во текот на годината. Скоро, на секоја седница ние не правиме ребаланс на буџетот туку тргаме проекти и пренаменуваме средства“ – вели Живка Ангелоска, кородинатор на СДСМ и коалицијата.
Советниците дискутираа и за предлог-одлуката за давање согласност на одлуката на Управниот одбор на ЈП „Билјанини Извори“ – Охрид за степенот на ограничување на зонско паркирање во општина Охрид. Опозицијата упати забелешка за зголемување на цената за паркирање во А зона. Советниците од позицијата и коалицијата ги прифатија предложените измени од ЈП „Билјанини Извори“ во програмата за зонско паркирање.
„Во однос на премиум зоната од пресекот на ул.„Македонски Просветители“ со пресеците на улиците „Даме Груев“ и „Партизанска“, во лето, се додаваат неколку места од зона Б во А. Се пренаменува паркинг просторот кај стоковната куќа кај Чинарот во А зона и се воведува 5ти степен на паркирање, хуманитарно паркирање од 2 места на Кеј Македонија “ – напомена Перчо Божиноски, координаторот на Вмро Дпмне и коалицијата.
Покрај овие измени, советниците изгласаа и Предлог-одлука за измена и дополнување на програмата за одржување и заштита на локалните патишта и улици и регулирање на режим на сообраќај за 2022 година. Предлог-одлука за измена на развојна програма за уредување на градежно земјиште за 2022 – 2024 година, програмите за надополнување и одржување на локалните патишта и регулирање на сообраќајниот режим, субвенционирање на линискиот превоз на патници, а се усвои урбанистичко – планска документација за повеќе охридски села.