Skip to main content

Охридските советници на располагање на граѓаните во советничка канцеларија

Од наредната недела  советниците при Советот на општина Охрид  ќе започнат со дежурства со цел да им излезат во пресрет на  барањата на  охриѓани за побрзо решавање на проблемите од општествената сфера.

 |   | 


Од наредната недела  советниците при Советот на општина Охрид  ќе започнат со дежурства со цел да им излезат во пресрет на  барањата на  охриѓани за побрзо решавање на проблемите од општествената сфера.

Советничката канцеларија во општинската зграда за охриѓани ќе биде отворена во два работни  дена од неделата,  вторник и четврток  во период од 11 до 15 часот. Во деновите за прием на странки ќе дежураат по еден советник од власта и опозицијата.