Skip to main content

Охридските советници од ВМРО ДПМНЕ ја прашуваат новата влада зошто се сопрени работите на автопатот Кичево- Охрид

Охридските советници од Вмро Дпмне ја прашуваат новата влада зошто се запрени  работите  на  автвтопатот Кичево- Охрид.

 |  Валентина Неловска  | 

Владата итно да даде одговор зошто се сопрени градежните работи на делницата на автопатот Кичево Охрид, бараат охридски советници од ВМРО ДПМНЕ. Тие укажуваат на големата потреба од овој инфраструктурен проект за граѓаните, туристите и индустријата.


„Замолуваме и инсистираме во најбрз можен рок да продолжат градежните активности во интерес на граѓаните. На овој автопат мора да продолжи изградбата и да нема негативен пристап кон капиталните проекти започнати за време на владата на ВМРО ДПМНЕ и непотребно да не е на штета на граѓаните“, порача Ангел Јанев  советникот од Вмро Дпмне  


Досега не слушнале дека кинеската компанија која го гради автопатот Сајно хидро како причина за стопирањето го навела скршнувањето на зафатите од проектираната траса.

„Јас не сум запознат со ставот на Владата на РМ ни со кинеската компанија. Се надевам дека надзорен орган ќе е Владата на РМ и ќе излезат со официјална информација со која ќе не известат до каде е работата. Од друга страна не верувам дека ваква капитална инвестиција не ги прошла сите сите фази на контрола поврзана околу и со трасата. Можеби сум во право или во криво.“, вели советникот Јанев.

Досега како локална самоуправа  не се обратиле до Владата со прашање зошто е сопрена изградбата на автопатот. На новинарско прашање дали лани побарале одговор од поранешната влада на ВМРО ДПМНЕ зошто се доцнеше со изградбата на делницата во должина од 14 км и зошто терминот за пуштање на делницата беше пролонгиран наместо во 2018 во 2019 година, без конкретен одговор.


„ Еве денес тоа го правиме. Бараме информации“, кусо рече Јанев.

Инаку, изградбата на автопатот Кичево- Охрид започна на 22 февруари 2014 година и требаше да се изгради за 4 години во должина од 57 км , а ширина 26 метри. Според најавите инвестицијата беше во вредност од 370 милиони евра.