Охридските советници побара да се стави ред во хаосот на плажите под концесија
Дел од советниците побара да се стави ред во хаосот на плажите кои се издадени под концесија. Бараат да бидат подостпани за граѓаните, да се стопира бекатонизацијата на крајбрежниот појас, како и да се знае дали се плажи или кафеани. Советот на денешната седница ја изгласа урбанистичка планска документација за плажите кои досега не се урбанизирани.
Охридските совеници дадоа зелено светло за изработка на урбанистички планови за плажите кои досега не се урбанзирани. Станува збор за плажите на карајбрежјето кои се на потегот од хотел Славија до Љубаништа, информира раководителот на секторот за урбанизам Бранко Арнаудов.
„ Од хотел Славија до Метропол нема урбанистичка документација за урбанизирање на плажите, од Хотел Метропол до автокамп Елешец има, а од Автокапмот Елешец до Десарет нема, како и од Градиште до Љубаништа “, истакна во своето образложение Арнаудов.
Предлог одлуката за урбанзиација плажите беше усвоена, но при тоа дел од советниците од двата блока упатија барање Локалната самоуправа и државата да стават ред на плажите кои се веќе дадени под концесија од 2008 година. Плажите не треба да се узурпираат туку треба да се достапни на сите граѓани, крајбрежниот појас е јавно добро, посочија советниците. Јованка Секулсока Дамоска , советник од редовите на Вмро Дпмне, упати апел до локалнат самоуправа.
„ Процесот на покренување на урбанизација на плажите да оди транспарентно и да се има предвид интересот на градот. Советниците да имаат поголема контрола како се врши урбанизацијата. Да не се донесеме во ситуација каде што сме денес каде што многу плажи се недостапни за многу граѓани“, рече Дамоска.
Јоне Станкоски од Вмро Нп исто така на став дека на плажите кои се под концесија владее хаос и потребно е воспоставување на ред. Локалната и државата мора да водат сметка за бекатонизацијата која се случува на брегот, за непочитување на слободен простор на плажите од 40 проценти, а не 100 постотна наплата за лежалки за да се ужива на плажа, советникот Јоне Станкоски наведе дел од проблемите кои се случуваат на плажите под концесија.
„ Не може да има безредие на плажите да се знае до кога работат, а не цела ноќ да има музика до наутро и да не се знае дали е плажа или кафеана да се расчисти за што се работи“, напомена Станкоски.
Поголем увид во програмите за урбанизација на плажите побара и советничката Виолета Мицкоска од СДСМ , но постави прашње до сектрот за урбанизам.
„ Сакам да прашам дали платформите во езерто се легални ако се легални како сте можеле да дозволите? Крајбрежниот појас е основа за да се одржи биодиверзитетот на ендемичните видови флора и фауна кои ги нема на друго место во светот“, праша Мицкоска.
На денешната 71 седница на совет беа усвоени и точки од областа на урбанизам како што се урбанистички плански документации за бесправно изградени објекти во катастраските општини во Косел, Велгошти, Лакочереј,Лескоец, Елшани, Коњско,Пештани, Љубаништа. Советниците дадоа согласност за измена на годишниот план за вработување во општина Охрид за 2017 година, донесоа предлог одлука за користење на тениското игралиште на ЈП Билјанини извори како и одлука за именување на членови во управниот одбор на ЈП „Билјанини извори ,а дадоа поддршка за измена на програмата за локалниот економски развој.