Охридските советници со предлози како да се подобрат ефектите од туризмот
Охридските советници со предлози како да се подобри наплатата на туристичка такса во општинската каса. Се бараат начини како да се зголемат ефектите од туризмот. Се предлагаат мерки за да се стимулираат станоиздавачите од мал обем , да не избегнуваат пријавување на гостите, да се плаќа туристичката такса и да се подобрува квалитетот на сместувачките капацитети.
Нацрт програмата за развој на туризмот во фокусот на интерес кај охридските советници. Опозицијата критикува што и по една година локалната нема изготвено стратегија за развој на туризмот и ги критикува измените на мерката за субвенционирање на станоиздавачите од мал обем. Советничката Лидија Петкоска од Вмро Дпмне се огласи со предлог како да се подобри приходот од туристичка такса во општинскиот буџет. Од советот побара да покренат иницијатива до инспекциските служби и до Царинската управа во согласност со Законот за туристичка и угостителска дејност и почитување на Законот за престој на странски лица кои доаѓаат преку туристичките агеници.
„ За да се евидентираат сместувањето и обврската за плаќање на туристичка такса да побараме од Агенциите кои носат туристи во земјава да се достават договори за сместувачките капацитети.Каде се нсоат и колку гости,така ќе се откријат некатегоризираните објекти, а ќе се уплаќа и задолжителната туристичка такса“, предложи Петкоска.
За да се стимулираат станоиздавачите од мал обем Петкоска побара во пракса локалната да ги применува двата модели за субвенционирање. Покрај новиот модел прв дојден прв услужен за субвенционирање според уплатената туристичка такса за реинвестирање во сметувачките капацитети, да се применува и стариот начин да се враќаат 50 посто од уплатените пари од туристичка такса.
Ѓокo Апостолов од Секторот за туризам и локален економски развој напомена дека примената на новиот модел за субвенционирање на станоиздавачите прв дојден прв услужен е по предлог од ревизорите. На тој начин преку Комисија ќе се констатира потребата од реиневстирање и подобрување на сместувачките капацитети. Апостолов нагласи дека во изминатите години континуирано расте уплата на туристичката такса и се подобруваат сметувачките капацитети во мал обем. Апостолов кажа дека работат на конкретни барања како да се подобрат ефектите од тури
„ До ресорното министерство има 4 години од кога е доставено барање за промена на начинот на уплаќање на туристичката такса со воведување на паушал. Елаборат е доставен до сите надлежни институции , но за жал досега нема конкретни резулатати. Напредок е тоа што е ставен во Комисија за промена на тековните закони“, вели Апостолов.
До ТЛЕР по новиот модел за субвенционирање на станзоидавачиет од мал обем пристигнале 16 апликации, за разлика од претходниот период кога иамло 44 заинтересирани за субвенционирање на уплатените пари од туристичката такса. Според Апостолов од нивните анализи на квалитетот и квантитетот на приватното сместување има 2100 до 2200 регистрирани станоиздавачи од мал обем, а квалитетот на сместувачките капацитети е двојно па и тројно зголемен.