Охридските советници в петок ќе расправаат по триесетина точки
Охридските советници в петок ќе расправаат по триесетина точки.
На престојната седница в петок на дневен ред пред советниците ќе се најдат триесеттина точки. Градските избраници ќе се изјаснуваат по предлог одлуки од реализирани програми во изминатите три месеци, како и за финасиски извештаи од ТЛЕР и Јавните претпријатија. На усвојување ќе биде ставен и општинскиот Буџет за периодот од 01.01 до 31.03.2014 година. Покрај овие точки ќе се разгледуваат и извештаите за реализација на развојната Програма за изработка на урбанистички планови за општина Охрид 2014-2016 за периодот од 01. 01 – 31.03.2014 година. Советниците ќе се произнесат за физибилити студија на ЈП „ Билјани извори“.
Исто така ќе дискутираат за Одлуката за започнување на постапка за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за имплементација на електронски систем за организирање и наплата за паркирање на јавните паркинг простори.
Советниците ќе ги разгледуваат и реалзираните програми на јавните претпријатија и на општинските сектори за изминатите три месеци од оваа година. Ќе се произнесат за иницијативата за формирање автопазар во Охрид, за утврдување на висината на надоместокот на услугите што ги врши ЈП „Градски Пазар“, за реализација на развојната програма за авто-такси превоз на патници во општина Охрид.
Советниците ќе расправаат и за предлог Одлука за отпочнување на постапка за стечај на туристичко биро Лихнидос и за утврдување на почетната цена за поставување на рекламни паноа-билборди.
{loadposition content9}