Skip to main content

Oхридскитe таксисти незаинтерсирани за бесплатните обуки по англиски јазик

Oхридскитe таксисти незаинтерсирани за бесплатните обуки по англиски јазик.

 |  Валентина Неловска  | 
taksi

275 охридски такси возачи поседуваат уверенија и  сертификати за вршење на такси превоз. Таксистите  полагаат како физички лица и за овие уверениа треба да издвојат 4500 денари, согласно законските измени во превозот  во патниот сообраќај во 2015 година. Сертификатот го добиваат по полагање пред  општинска комисија која ги проверува нивните општи знаења од историјата и градот, па дури потоа ги добиваат овие  општински дозволи, информира Љупчо Танески портпарол на Секторoт за комунални дејнсоти.

такси

„ Треба да се разликува уверение и сертификат. По добивање на уверението тоа се поднесува како барање во архивата на секторот за комунални дејности со кое може да се врши такси превоз во градот и земјата, а  потоа се издава сертификат. Значајно е да се каже дека сертификатот е траен документ и го поседуваат физички лица, а не такси компаниите каде што возачите се ангажирани“, подвлекува Танески.

Таксистите кои поседуваат сертификат за обавување дејност не покажале голем интерес да полагаат основен курс за англиски јазик според европските референтни норми за јазиците, додава Танески.


 

такси „ Сo конкретни бројки нe располгам, но бројот на пријавените такси возачи за изучување на основното ниво на англискиот јазик е помал во споредба со бројот на возачите кои се стекнале со уверение за вршење на такси превоз. Од одделението за сообраќај реферираат дека обуките за англиски јазик се бесплатни и на сметка на општинскиот буџет, додека  полагањето е на личен трошок на таксистите во Скопје  во British council“, посочува Танески.

Танески во моментов напоменува дека општината има јавен оглас, но нема заинтересирани кандидати  за изучување на англискиот јазик. Веднаш штом има доволен број на пријавени такси возачи ќе се организираат безплатните обуки, напоменува Танески.