Охридските училишта подготвени за грејната сезона
Oхридските училишта подготвени за грејната сезона.
Охридските општински средни и основни училишта се подготвени за стартот на грејната сезона. Скоро сите директори на училишта кои ТВМ ги контактираше кажаа дека имаат доволни количини на гориво. Ќе ги користат залихите нафта за почетокот на грејната сезона, а училишните домаќини го проверуваат функционирањето на парните системи за греење. Охридските училиштата во измината грејна сезона биле штедливи и на стартот на оваа сезона ќе ги користат залихите од нафта.
Директорите на училиштата напоменуваат дека во тек е подготовка на тендерска документација за набавка на нови количини на нафта за календарската година за 2016. Училиштата користат количини на нафта во зависност од големината на корисната површина на објектите.
Потребите на ОУ „Братство Единство“ за двата училишни објекти се 85 тони нафта. Средното угостителско „Ванчо Питошески“ заедно со ученичкиот дом набавува 50 тони, средното економско Св Кирил и Методиј 30 тони, а „Христо Узунов “ 45 тони.OУ „Григор Прличев“ за двата објекти има потреба од 72 тони. Тендерските набавки на нафта се прават преку локалната самоуправа.