Skip to main content

збогум буково

Охридските училишта и „Збогум Буково“ започнуваат со активности за селекција на отпад

„Збогум Буково“: 11 училишта од Охрид се дел од програмата „Училишта без пластика” која цели кон создавање на одржлив систем за селекција и собирање на селектираниот отпад и едукација на темите за рециклирање, реупотреба, редукција и одржлив развој на заедниците.
 |  инфодеск  | 

Иницијативата „Збогум Буково“ започна со подготовка на училиштата за селекција на отпадот како дел од активностите за спроведување на Планот за управување со отпад којшто се спроведува во Југоисточен и Пелагониски регион.

Од таму посочуваат дека 11 училишта од Охрид се дел од програмата „Училишта без пластика” која цели кон создавање на одржлив систем за селекција и собирање на селектираниот отпад и едукација на темите за рециклирање, реупотреба, редукција и одржлив развој на заедниците.

-Ги повикуваме сите родители да им помогнат на училиштата да ги остварат своите цели да станат еколошки училишта со силна посветеност за трансформација на нивните заедници кон одржливо и хумано живеење!, се вели во соопштението од грашанската иницијатива „Збогум Буково“.