Skip to main content

Охридските улици и јавно зеленило се почесто се валкаат со кучешки измет

Охридските улици и јавно зеленило се почесто се валкаат со  кучешки измет. За ова појава виновни се сопствениците на домашните миленици кои не се грижат да го соберат она што ќе го остават зад нив нивните миленици. Покрај бездомните кучиња по улиците додатно нечистите јавни површини со кучешки измет ја нагрдуваат сликата за туристичкиот центар. 

 |  Валентина Неловска  | 

Се почесто на охридските улици пешаците среќаваат нечисти јавни површини со кучешки измет. Виновни за оваа појава се сопствениците кои ги шетаат милениците, но не се грижат при тоа да го соберат изметот што нивните миленици ќе го направат. Мал е број на одговорните граѓани кои користат ракавици за одложување на изметот на милениците кои ќе го направат на јавна површина. Граѓанските активисти за заштита на животните апелираат сопствениците да се однесуваат одговорно во вакви ситуации и да се грижат јавните површини да бидат чисти, но да бидат и грижливи кон милениците.
„ За да си одговорен сопственик изметот од миленците да се собира, но и да се вакцинираат, стерилизираат и кастрираат за да нема напуштени животни и да не ги испуштат милиниците на улица“, вели Анастазија Димзовска граѓански активист за заштита на животните .

Покрај оваа појава градот подолго време се соочува и со бездомните кучиња кои ги има во голем број по улиците и плоштадите , а преставуваат грда слика за туристичкиот центар.