Охридските велосипедисти бараат обележани патеки за возење
Охридските велосипедисти бараат обележани патеки за возење.
На кружните текови и на реконструираната улица Питу Гули нема исцртани велосипедски патеки, реагираат охридски велосипедисти. Тие се чувствуваат небезбедно како ученици во сообраќајот. Од општинскиот совет за безбедност во сообраќајот напоменуваат дека имаат проекти за зголемување на безбедноста на велосипедистите.
Општинскиот совет работел самостојно но и со помош на СВР и ЛС за да се подигне степенот за безбедност на учениците во сообраќајот. Работат на едукација на сите возачи, велсипедисти и моторциклисти на потсетување на сообраќајните правила за движење по кружен тек, вели претседателот Стефан Димоски.
„ Велосипедистите имаат право да се движат во кружните текови и правилото е да ја држат десната страна од коловозот од кружниот тек исто како и на другите сообраќајници во простор од еден метар. Проектантот на кружните текови може да ги означи но и не мора патеките. Кога не се обележани влегувањето во кружен тек и секое излегување го означуваме со движење на лева или десна рака“, појаснува Димоски.
Од Локалната самоуправа тврдат дека подого време работа на проект за обележување на велосипедските патеки. Патеки наменети и обележани за велосипедистите бараат и охриѓани и туристите, вели Димитар Спасекси секретар на ЛС.
„ За таа цел се изработени две засебни проектни решенија кои ќе овозможат континуирани велосипедски патеки на повеќе делови од градот. Ги разгледуваме сите можнсоти и ќе пристапиме кон исполнување на ветувањето за велосипедски патеки. Има предвидени активности со тендерските постапки и наскоро ќе има обележување на велосипедски патеки,“ветува Спасески.
Општинскиот Совет за безбедност во сообраќајот има во план заедно со секторот за локален економски развој да реализира заеднички проект за современо обележување на велосипедските патеки на охридските улици.