Охридските велосипедисти не се безбедни во сообраќајот
Охридските велосипедисти не се безбедни во сообраќајот.
Се потешко е да се вози велопсипед низ охридските улици. Нема услови за безбедно да се возат овие превозни средства кои се и тоа како потребни во овие летни денови кога во градот се бара паркинг повеќе. Но наместо ред и безбедно возење има се повеќе хаос и опасни случки. Во пракса, на улиците, се добива впечаток дека на велосипедистите никој не мисли. Засега само на неколку улици има обележени велосипедски патеки што не доволно. Но и тие иако најчесто се означени за возење во еден правец се користат во двата правци затоа што на другиот дел од улицата има паркинг за возила. Велосипедистите за да го избегнат соообраќајниот хаос возат често и на тротоарите, а на тоа, со право реагираат пешаците. По Булевар Туристичка пак, новоизградените приоди околу кружните текови се со високи тротоари кои го оневозможуваат нормалното движење на велосипедите. Оние кои ги користат кружните текови честопати се загрозени од моторните возила кои многу често и не знаат да го користат правилото за движење во круг. Поставените сообраќајни знаци и билборди дополнително им го оневзоможуваат движењето на велопсипедистите.
Од општинскиот Совет за безбедност во сообраќајот со која најавуваа велосипедски патеки за секоја охридска улица, но тоа засега не е реализирана. Идејата е само на хартија.
Од советот велат предложиле да има означена велосипедска патека широка 2 метри на кејот, потоа да се поврзат со велосипедска патека Охрид и Струга, а исто така и Охрид со туристичката населба Св.Стефан. На крајот од минатата година Советот за безбедност во сообраќајот предложил да се спуштат ивичниците на тротоарите со што би им се овозможил полесен приод за велосипедистите за да се движат по патеката наменета за нив, но од тоа сеуште нема ефект, напоменува претседателот на општинскиот совет Стефан Димоски.
Од Фондот за комунални дејности, сообраќај и улици ги прашавме што преземаат за да ја подобрат инфраструктурата за велосипедистите, но до затварњето на дневникот, иако ветија информација, одговор не добивме.