• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Охридските занаетчии, дел од раководството на Занаетчиската комора на Република Северна Македонија

Охридските занаетчии, дел од раководството на Занаетчиската комора на Република Северна Македонија

Претседателот на Охридската занаетчиска комора Сашо Богоески, е избран за нов потпретседател на Занаетчиската комора на Република Северна Македонија, додека потпретесдателот на охридските занаетчии Александар Крстеве избран за претседател на собрание на републичката комора. Богоевски вели дека речиси една деценија многу малку се постигнало во подобрување на условите за работа на занаетчиите во целава наша држава, нешто што мора да се смени.

 |   | 

Долгогодишниот член на УО на Занаетчиската комора на РСМ, охриѓанецот Сашо Богоевски, кој воедно беше и претставник на Охридската занаетчиска комора, од неодамна е назначен за нејзин потпретседател. Кажува дека кон на средината на минатиот месец се одржало изборно собрание на кое се бирале нови членови на УО, на кое тој бил избран за потпретседател на ЗКСМ, додека Александар Крстев, кој е потпретседател на Охридската занаетчиска комора е избран за претседател на Собранието на републичката комора.Богоевски вели дека речиси една деценија многу малку се постигнало во подобрување на условите за работа на занаетчиите во целава наша држава.

„Последните две години морам да признаам дека не ни одев на состаноци, состаноците формално се одржуваа само со некои точки на дневен ред, со кои не беше доенсена ниту една одлука со која би се подобрила работата на самите занаетчии“ истакна, Сашо Богоески – потпретседател на Занаетчиската комора на Република Северна Македонија.

Богоески потенцира дека од одма се зафатиле со работа, поточно со спроведување на реални конкретни мерки со кои би се подобриле условите за работа на макдонските занаетчии. Неодамна на негово барање, охридските занаетчии ги посетија Премиерот и Министерот за економија, кои се запозна со проблемите кои ги засегаат занаетчиите, а кои никогаш не стигнале до владата.

„Значи сите оние барања кои неколку години наназад ги имаме, ослободување на занаетчиите три години од плаќање на персонален данок и ослободување три години од плаќање на придонеси, што и ми е приоритет и прва и основна цел за која ќе се залагам како и ослободување после 15 години активно работење на секој занаетчија во висина од 50% од придонесите и персоналниот данок, или оние занаетчии со 30 години континуиран работен стаж, целосно ослободување од сите давачки кон државава“ објасни Сашо Богоески – потпретседател на Занаетчиската комора на Република Северна Македонија.

Богоевски објаснува дека основ за преговори со Владата за исполнувања на овие барања има. Со оглед на малиот број на занаетчии во државава, некаде околу 5000 исполнувањето на овие барања не би требало да го обремени буцетот на државата. Според пресметките направени од страна на занаетчиите, државата за еден занаетчија ќе треба да одвои по 70.000 денари за еден занаетчија на годишно ниво за ослободување од плаќање на придонесите и персоналниот данок, бидејќи 40% од занаетчиските фирми, работат со блокирани сметки поради неплатени придонеси и персонален данок.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© 2008 - Сите права задржани. Поддржано од ТВМ ТелевизијА.
Back to Top