Skip to main content

Охридските занаетчии не поднесле до архивот планови и листи на архивски знаци

Охридските занаетчии не поднесле до архивот планови и листи на архивски знаци.

 |  Валентина Неловска  | 
ковач
ковач

Охридските занаетчиите до изминувањето на рокот   не доставиле до архивот планови и листи на архивски знаци. Тоа било став на занаетчиската комора на Македонија. Можно е поединци  самоиницијативно и спротивно на  ставот на  Комората да поднесле документи, појаснува Сашо Богоески, претседателот  на Регионалната занаетчиска комора на Охрид. Комората бара изземање од законските прописи за архивски материјал затоа што се ослободени од водење книговоство , завршни пресметки и фискализација.
masina
„ Таму пишува да ги чуваме сите документи кои влегуваат и излегуваат во фирмата, а ние немаме такви документи, не водиме книговодство. Проблемот е, како што стои таму, физичките лица кои обавуваат дејност, ние сме такви лица, но сме паушално оданочени. Ние не водиме книговодство, немаме завршна сметка, периодична документација и пресметки, тоа се документите кои треба да се чуваат во историскиот архив“, напоменува Богоески.

Покрај занаетчиите во слична ситуација се и земјоделците. И тие како и занаетчиите  немаат документација која би ја заведувале и архивирале. Занаетчиите  нити во изминатите години немале ваква  слична пракса да постапуваат со  документацијата, појаснува Богоески.  

carsija „Никогаш досега не сме имале документација за зачувување. Проблем е што ние треба да плаќаме одредена сума за чување на документи  кој  ние ги немаме, а ќе имаме јавна паушална сума да плаќаме за нешто што  нема да доставуваме до нив“, посочува Богоески.

Занаетчиската Комора на Македонија сите овие аргументи веќе му ги предочиле на директорот на Државен архив. Оваа седмица очекуват на ниво на занаетчиската комора средба со директорот Зоран Тодороски.

Во Охрид има 230 занaетчии, од кои сaмо оваа година, ново регистрирани се над 30 лица кои вршат занаетчиска дејност.   

{loadposition content9}