Охридските занаетчии ја прославија Василица
Охридските занаетчии ја прославија Василица.
Новата Православна 2016 Година по јулијанскиот календар ја прославија и охридските занаетчии -сервисери на ТВ електроника. Тие од 2001 година традиционално ја организираат прославата на Василица кршејќи погача со паричка.
Пред 16 година започнала оваа дружба која трае до денес и се проширува, раскажува охридскиот мајстор и познат тв сервисер Љупчо Паункоски иницијторот на оваа традиција. Со ваквата дружба занаетчиите градат мост на колегијалност и соработка, наглaсува Паункоски.
„ Оваа дружба помага заедно да контактираме и да си помагаме меѓусебно. Да нема ривалство, сите сме зближени се консултираме за резервни делови. Сите си помагаме и тоа е позитивно и за муштериите“ , напоменува Паункоски.
Кога пред 16 година започнале да се собираат на Василица биле 35 мина сервисери кои ја извлекувале паричката, а денес се околу 25 мина. Од пред 5 години на прославата на Василица им се приклучиле и колеги од соседен Поградец, a од лани имаат и колеги од Струга. Паункоски оптимистички открива дали паричката која ќе се најде во погача носи среќа.
„ Се надевам дека носи среќа. Таа е во личната сатисфакција од животот и успехот во работата. Дали носи ли среќа ќе покаже времето, ќе видиме каква ќе биде годината“, вели со насмевка Паункоски.
Охридските, струшките и занаетчиите од соседен Поградец годинава Василица ја прославија во Албанија. Сервисерот Миле Нарди од соседен Поградец минатата година ја извлекол паричката е стар кум кој го организира овогодишното прославување на Василица.