Охридските земјоделци и овоштари имаат потреба од откупен-дистрибутивен центар
Презентирана нацрт верзија за физибилити студија за оправданоста од изградба на откупен дисктрибутивен центар во охридскиот ргион. Охридските земјоделци и овоштари одамна посакуваат центар каде што нивните производи би биле соодветно складирани. Бенефит би имале и тие и угостителите кои во моментов немаат понуда на локалните производи.
Се одржа презентација на нацрт верзија на физибилити студија за оправданоста од изградба на откупен дисктрибутивен центар. На јавна расправа охридските земјоделци и овоштари дискутираа за потребата од изградба на ваков откупен дистрибутивен центар во охридскиот регион. Претставници на Секторот за туризам и локален економски развој од Локалната самоупрва, која е нарачател на студијата, на овој начин ги согледува потребите и бенефитот од една ваква инвестиција.
„ Физибилити студијата треба да каже дали има оправданост од изградба на откупен центар со параметри колкав да биде капацитетот, да се дадат адекватни локации и инфраструктурна поврзаност со земјоделските површини. Сметаме дека отпочнуваме битен процес. По истражувањата кои ги направивме во туристичкиот сектор се покажува дека и тие ќе имаат бенефит. Од податоците со кои располагаме земјоделските и сточарските производи не се застапени во угостителскиот сектор заради немање можност за организирање на производството“ , информира Ѓоко Апостолов
Производителите на храна во охридско пак подолго време укажуваат и апелираат од потербата да се изгради соодветен центар. Во моментот во охридско има неколку откупни центри , но со мал капцитет . Во нив може да се склдираат до 60 тони производи од овоштарските и земјоделските култури, но потребни се поголеми капцитети , напоменува производителот Ванчо Стојаноски. Доколу се реши проблемот на земјоделците со изградба на откупен дистрибутивен центар со капацитет до 300 тони со тоа би се поттикнале не само овоштарите туку и производителите на земјоделски производи , вели Стојаноски.
„ Ќе биде иницијална каписла за зголемување на градинарските ратсенија. Интресен е охридскиот домат да се прозиведува во пооглемиколични д асе пласира во скопските маркети .Неи иамевме најав д асе органзираме но без соодевтни проифатни центри тоа е немовможно и тешко“, подвлекува Стојаноски.
Според државниот завод за стастистика во охридскиот регион има 6561 хектар обработлива површина. Од кои 300 хектари отпаѓаат на овоштарници, а само 10 проценти на ораници и бавчи. Има 1251 регистрирани индивидуални земјоделци , а само 7 фирми. Минатата година во охридско биле произведени 800 тони зеленчук најмногу зелка ,а околу 9500 тони овошје.