Охридските земјоделци преку здружение ги пласираат производите на светските пазари
Охридските земјоделци преку здружение ги пласираат производите на светските пазари.
Во регионот во Охрид и Дебрца сеуште нема организирани продажни пунктови за земјоделските и овоштарските производи. Земјоделците од регионов во такви околности не седат со скрстени раце. Самостојно презеле иницијатива и се организирале во здружение за полесно да настапат на странските пазари за да го пласираат родот од нивните насади. Годинава се задоволни од пласманот на црешата, а во иднина планираат тоа да го применат и на други прозиводи како што се јагодите и охридскиот домат, вели охридскиот земјоделец Ванчо Стојаноски.
„ Нас маката не натера прозиводителите на цреши во охридскиот регион. Наназад размислувавме како да се организираме за да ги поедноставиме работите и со самото тоа да го подобриме квалитетот и да постигнеме повисоки откупни цени. Без здружување во било која сфера во земјоделската гранка тешко ќе постигнеме успех. Европските пазари се огромни и бараат одредени параметри во квалитетот и квантитетот“, напоменува Стојаноски.
Од здружувањето земјоделците имаат голем бенефит. Договорено е производството и немавме проблем со откупот. Имаме координатор, возило доаѓаше на терен и ни носеше амбалажа, работите ги поедноставивме, раскажаува Стојаноски за годинешното искуство за пласманот на црешата на блиско источниот пазар во Дубаи. Оз здруженеито ј ачувствуваат потребата од простор каде што ќе се лоцираат објекти од цврста градба и ладилници. Во таа наоска очекуваат помош од Локалната самоуправа која најавува формирање на откупни центри.
„ Имаше пред две години најави од Локалната самоуправа за откупни центри, но не може да се оствари и без наша иницијатива на земјоделците. Ние очекуваме да ни подаде рака Локалната самоуправа. Би требало да ни обезбеди простор каде што ќе се лоцира. Има соодветно државно земјиште и се надеваме дека ќе најдеме разбирање од Локалната“, додава Стојаноски.
Градоначалникот Никола Бакрачески кажува дека намерата на ЛС е да се изградат откупни центри со ладилници за потребите на охридските земјодлеци. Во два наврати пристапиле кон постапки за изработка на урбанистичка планска документиција, но и двата обиди пропаднале пред се заради нерасчистени имотно правни односи и процес на денационализција, но со намерата продолжуваат, напоменува градоначалникот.
„ Од пред два месеци пристапивме на изработка на локална урбанистичка планска документација за трета локација која е во сопственост на РМ и која нема да има проблеми со имотно правните односи и решенија за денационализација“, подвлекува Бакрачески.
Охридското поднебје со својата клима има огромен економски потенцијал за одгледување и на други овоштарски култури. Оревот и лешникот исто како и црешата можат да бидат златен рудник од кој може добро да заработат и производителите, а бенфит д а има и општината, подвелекува охридскиот земјоделец Стојаноски.