Skip to main content

Охридското Езеро нетреба да се користи како акумулација

Охридското езеро не смее да се користи како акумулација, сметаат експертите.

 |  Маленкова Татјана  | 
Ohridsko Ezero
Охридско Езеро

 Досегашното искуство покажува дека осцилациите преку кои  некогаш нивото на Охридското езеро се намалува, а друг пат се случува да биде многу високо, предизвикува штетни влијанија, з аживиот свет во него, но и за населението и животната средина.  Златко Лефков, професор на природно математичкиот факултет е човекот кој точно 10 години континуирано ги истражува Охридското и Преспанското Езеро.   Тој е категоричен дека податоците кои ги добиле од истражувањата повеќе од јасно говорат дека Езерото не смее да се користи како акумулација.  

„ Ова е најзначајниот еко систем во Европа и меѓу трите најзначајни еко системи во светски рамки и секое Ohridsko Ezeroманипулирање со езерото преставува катастрофа или можност за катастрофа бидејќи ова езеро е познато пред се поради живиот свет кој живее во него. Во ниеден момент не би требало да имаме нагли спуштања на водата  и нивото би требало да биде контролирано од аспект на економски штети, со нагло испуштање се оштетува еко ситемот и приобалната флора и фауна може да остане на суво“, вели Златко Левков, проф. на прородноматематичкиот факултет.

Со овие научни истражувања се сложува и министерот за животна средина и просторно планирање, Абдулаќим Адеми. Тој е категоричен дека состојбата со нивото на Езерото постојано се следи и дека ништо нема да се остава на случајност.

„Се следи состојбата со нивото на охридското езеро а ние како државни институции ги следиме овие состојби и врз основа на показителите ќе реагираме. Јас неможам да имам личен став зошто с екористи како акумулација и дали нивото е ниско или високо туку тоа се научни податоци кои морам да ги почитувам“, вели министерот за животна средина и прсторно планирање,Адеми.

Minister Abdulakim Ademi

Експетите додаваат дека покрај овие неприродни ослилации на нивото на Езеро, проблем за живиот свет во него е и внесувањето на комунални отпадни води од градот Охрид и од  Струга и од околните рурални населби. Како пример за загадувач ја наведуваат  Реката Сатеска која врши дополнителни проблеми со внесување на неоргански елементи со кои се  загадува езерото.
Министерот Адеми денеска присуствуваше на четвртиот меѓународен конгрес на еколозите на Македонија, каде беа презентирани научни еколошки трудови за вода природа земјоделство. Дел од овие трудови подоцна ќе се искористат за креирање на државни политики во оваа област.
Македонија е усогласена со законите на ЕУ, но тоа незначи дека законите се применуваат во пракса. „Овие трудови ќе ни дадат насоки како да се движиме понатаму“, истакна министрот Адеми.   

{loadposition content9}