Skip to main content

Охридското езеро е 20 сантиметри над максимално дозволенетa кота

Охридското езеро се наоѓа на 20 сантиметри над максимално дозволенето кота од 693.75, информираат од УХМР.

 |  Маленкова Татјана  | 
saraiste
сараиште

И покрај фактот што Охридското Езеро се наоѓа на 20 сантиметри над максимално дозволената кота од 693.75, од Управата за хидрометеороошки работи, смируваат, дека иако 2013 е влажна година, ситуацијата не е загрижувачка како во зимата 2010, кога имавме проблем со дождови и брзото топење на снегот. Додаваат дека на Галичица нема многу снег, па состојбата со Охридското Езеро би требало да се врати во нормала за кратко време. Од УХМР смируваат дека не се очекуваат поголеми врнежи од дожд во наредниот период кои би предизвикале проблеми со Црн Дрим.

„Утрово измерен е истиот водостој  како и вчера односно измерена е кота од 693.95 метри надморска висина што значи точно 20 см од максимално утврдената кота. Мерењата се извршуваат секојдневно и се даваат во јавните гласила односно на релевантните инститиции за оваа намена“, вели раководителот на сектор за хидрологија при Хидрометеоролошки завод, Јосив Милевски.

Милевски открива дека езерото веќе неколку недели ја има надминато максималната кота и дека тие како saraisteЗавод, за оваа појава, редовно ги информираат сите надлежни институции, како што се центарот за управување со кризи, министерствата  за животна средина, за земјоделство шумартсво и водостопанство, управата за  заштита и спасување, како и ЕЛЕМ. Милевски смирува дека потреба од паника не треба да има.

„Нема потреба од никаква паника, затоа што сега засега не очекуваме големи промени и турбуленции, барем нашите најави не се такви,   Со оглед на тоа дека сме такво доба од годината и можни се многу врнежи, а не е исклучен и снег. За среќа ви регонов снегот истече преку реката сатеска што е во прилог“, вели Милевски.

Но и покрај смирувачкиот тон кој го упатуваат од управата за хидрологија, се чини дека ситуацијата на терен не е толку розева. Имено, жителите на стариот дел кај Сараиште, Канео, мака мачат со водата која поплави поголем дел од нивните имоти. Со слични проблеми се соочуваат и жителите на Пештани, каде покрај поплавени подрумски простории, разурнат  е и патот према оваа населба, а има и многу откорнати дрвја.

Се чини дека конечно овој проблем ќе се надмине со активностите на проектот за Дримскиот басен. Претставникот на билатеријалниот секретаријат Дејан Паноски вели дека во рамките на Дримскиот басен правната компонента ќе се занимава со можноста за ревидирање на максималната кота согласно новите еколошки и економски услови.    Пановски додава дека сето тоа ќе биде во координација со државните служби и научната јавност.

{loadposition content9}