Skip to main content

Женски камерен хор света злата мегленска

Охридско лето со Велигденски концерт Воскресение твоје

На 12 април во црквата „Света Софија“ со почеток во 20 часот ќе се одржи Велигденски концерт „Воскресение твоје“ со Женскиот камерен хор „Света Злата Мегленска“ од Скопје.
 |  инфодеск  | 
Света Софија

Националната установа „Охридско лето“ организира Велигденски концерт „Воскресение твоје“ со Женскиот камерен хор „Света Злата Мегленска“ од Скопје. Концертот ќе се одржи на 12 април во црквата „Света Софија“ во Охрид со почеток во 20 часот.

„Св. Злата Мегленска“ преку своето 27-годишно континуирано работење стана хорски расадник и културен храм каде со огромна љубов и посветеност ги поттикна и ги стави во функција сите хорски состави на афирмирање на православната хорска музика ширум светот.

„Св. Злата Мегленска“ во јавноста се промовира како културен амбасадор и реализатор на низа значајни меѓународни и државни фестивали, натпревари, концерти, предавања и слични настани од областа на хорската култура.

Освен музицирањето и пријателското дружење, хорот се стреми кон подигање на патриотските чувства, будење на националната свест и негување на традиционалните вредности.