Skip to main content

Во охридско пронајдени гранати од Прва светска војна

Гранати од Прва светска војна пронајдени во село Лескоец охридско.  Неексплодираните  артилериски убојни средства, биле откриени при ископ за фекална канализација. Од Дирекцијата за управување со кризи информираат дека истите не се опасни и безбедно биле отстранети.

 |  Николоска Биљана  | 
granati
гранати

Тринаесет артилериски гранати се пронајдени во Лескоец, охридско. До нив дошле работниците на скопската фирма Вардар вчера при вршење ископ за поставување на фекалната канализација во ова село. Тие веднаш прекинале со работа и случајот го пријавиле во полиција.

granatiЉупчо Прескакулов, од Дирекцијата за заштита и спасување вели дека веднаш после укажувањето од охридскиот сектор за внатрешни работи екипи излегле на лице место и ги извршиле сите потребни активности за детектирање и деактивирање на убојните средства. Според него станува збор за неексплодирани  гранати со калибар 105 – 120 милиметри кои датираат од Првата светска војна.

Прескакулов тврди дека гранатите во ниеден момент не претставувале опасност за работниците кои ги пронашле при ископ на канализацијата затоа што истите не биле испукани од цевка туку најверојатно биле оставени од војската во минатото при напуштање на теренот.

Гранатите биле безбедно подигнати од лице местото и биле складирани во магацинот за Неексплодирани Убојни Средства. Истите ќе бидат преземени од пиротехничари на Дирекцијата за заштита и спасување и ќе бидат уништени во Кичево информираат од Дирекцијата за заштита и спасување.

{loadposition content9}