Skip to main content

Охридско семејство со 8 малолетни деца ќе остане на улица

Решение за иселување од бараките на улица Железничка доби десетчлено семесјтво од Охрид. Демо Илбер заедно со неговата сопруга и 8 те малолетни деца за 8 дена треба да ја напуштат бараката, во која живееле 15 години. Маката ме натера јавно да излезам и да проговорам за мојата тажна животна приказна, сметајќи дека тоа ќе допре до надлежните, раскажува Илбер.

 |  Николоска Биљана  | 

Решение за иселување од бараките на улица Железничка доби десетчлено семесјтво од Охрид. Демо Илбер заедно со неговата сопруга и 8 те малолетни деца за 8 дена треба да ја напуштат бараката, во која живееле 15 години. Маката ме натера јавно да излезам и да проговорам за мојата тажна животна приказна, сметајќи дека тоа ќе допре до надлежните, раскажува Илбер.

„Каде да одам во ова зимно време за 8 дена незнам што да правам. Седам со децава и си мислам, земам социјално 6,700 ден, овој месец почнав да земам, само тоа ми е друго ништо не земам, немам други приходи, ги школувам децава, не ги пуштам како другите….се трудам за моите деца сакам да ги изучам да не останат неписмени“ – додава Илбер.

Тој вели дека во 44 метри квадрати каде што моментално живее веќе цела година немаат електрична енергија а на децата им палел свеќи за да можат да учат. Додава дека чуствува огромна родителска одговорност и сака на сите деца подеднакво да им обезбеди подобри услови за живот, но тешко му одело од рака.

„Одам со количкава собирам шишиња заедно со моите деца…доаѓам овде и секој ден сум се повеќе и повеќе разочаран. Барам работа, сакам и јас како другите наутро да станам и да одам на работа…барам во биро ми велат дека нема“ – вели Илбер.

Најмалото дете на семејството Илбер е на две месечна возраст, а најголемото има 16 години. Две од нив како што раскажа Илбер имаат и сериозно заболување така што два пати во годината ги носел на детската клиника во Скопје, да примаат крв, што за него било дополнителен трошок. Тој верува дека надлежните ќе имаат слух за неговиот проблем и нема да го остават на улица бидејќи засега немал каде да оди. Со бараките на Железничка стопанисува Агенцијата за станбен и деловен простор. За  проблемот на Илбер побаравме одговор од првиот човек на подружницата од Охрид,  Гоце Георгиевски. Тој во тел. разговор за ТВМ истакна дека добро му е познат проблемот на семејството Илбер. Георгиевски појасна дека тие и уште едно семејство кои живеат во бараките немаат правен основ да ги користат бараките бидејќи не поседуваат  соодветна документација. Додаде дека тие семејства имале поднесено барања за добивање станарско право за бараките но од надлежните од Министерството за транспорт и врски и од Комисијата за станбени прашања при Владата на РМ, добиле негативен одговор, односно дека не можат да се стекнат со пренос за станарско право. Георгиески категоричен дека тие се диво вселени во бараките. Директорот изјави дека на ова семејство му биле дадени насоки и рок да си најде решение, а според Георгиевски бидејќи станува збор за семејство од ранлива категорија во решавање на неговиот проблем треба да се вклучи ЦСР од Охрид. Инаку Георгиевски, појаснува дека дел од бараките меѓу кои и таа каде што во моментов живее семејството Илбер се во катастрофална состојба, реално нема услови за живот и тешко дека ќе може да ја издржи зимава. Па токму затоа од безбедносни причини,  бараките ќе бидат отстранети. Директорот открива дека набрзо на тоа место предвидена била изградба на деловно станбен комплекс кој веќе е бил влезен во програмата на Агенцијата за стопанисување со станбен и деловен простор, што претставува концепт за решавање на целиот комплекс бараки. Сите оние кои имаат документи ќе добијат стан, а на дел од нив веќе им бил решен статусот со доделување стан во социјалната зграда.

{loadposition content9}